Урмите се сметаат за најздраво овошје во светот

Неверојатни придобивки!

Оваа здрава храна е прогласена за најздрава меѓу овошјето, а поради влијанието врз здравјето, експертите исто така ја препорачуваат.

Урмите се првенствено многу хранливи, особено затоа што се сушат, па затоа и содржината на калории е поголема од повеќето свежи овошја, а повеќето од овие калории доаѓаат од јаглехидрати.

И покрај калориите, урмите, покрај значителна количина на растителни влакна, содржат и некои важни витамини и минерали. Храната богата со растителни влакна често се препорачува за подобрување на нашето варење и е совршен избор за време на постот. Понатаму, влакната исто така можат да бидат корисни за контрола на шеќерот во крвта.

Урмите се исто така богати со антиоксиданти кои служат за борба против болести. Во споредба со слични видови овошје, како што се смокви и сливи, урмите содржат најголема количина на антиоксиданси.

Друга причина за консумирање на ова здраво овошје е неговата способност да го подобри здравјето на нашиот мозок и мозочните функции. Лабораториските истражувања откриле дека урмите се корисни за намалување на воспалителните маркери кои предизвикуваат Алцхајмерова болест.

Едно истражување на животни открило дека глувците кои консумирале храна измешана со урми имале значително подобра меморија и способност за учење, во споредба со оние кои не јаделе урми.

Потенцијалните својства на урмите за зајакнување на мозокот се припишуваат на нивната антиоксидантна содржина, за која е познато дека го намалува воспалението.

Друг интересен факт за урмите е нивниот ефект врз бремените жени. можноста за олеснување и забрзување на природното породување. Според едно истражување, 69 жени кои конзумирале шест урми на ден во рок од четири недели пред датумот на породување имале 20% поголема веројатност да се породат природно и поминале значително помалку време на породување отколку оние кои не ги јаделе.

Урмите се одличен природен засладувач и одлична здрава алтернатива на шеќерот. Тие се извор на фруктоза, еден вид природен шеќер кој се наоѓа во овошјето. Важно е да се напомене дека иако урмите имаат многу растителни влакна и хранливи материи, тие сепак се доста калорични и најдобро е да се консумираат умерено.

Исто така е важно да се спомене влијанието на ова овошје врз здравјето на коските, поради неговата содржина богата со минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, калциум и магнезиум, кои спречуваат болести како што е остеопорозата.

Бројни студии наведуваат ефект на ова овошје врз намалување на нивото на холестерол во крвта, подобрување на изгледот и затегнатоста на кожата благодарение на витамините Ц и Д, а исто така помагаат при слабеење.

Урмите често се комбинираат со друга храна, како што се бадеми и путер од јаткасти плодови. Ова овошје е исто така многу лепливо, што го прави корисно како врзивно средство во печени слатки јадења, како што се колачиња и бисквити, а може да се комбинира и со јаткасти плодови и семиња.

Прочитајте и: Што се случува со вашето тело кога јадете овесна каша секое утро?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.