Дали може тишината да направи да му недостасувате?

Дали има начин да останете во нечие срце и ум, дури и кога не ве слушаат? Може ли тишината да направи да ѝ недостасувате на некоја личност и да сака да ве види?

Одговорот е – да, може! Вие само треба да направите неколку добри потези и тој ќе ви се врати повеќе подготвен од кога било порано да работи околу вашата врска.

Што му прави тишината на човекот?

Ако посегнете кон тишина, односно ако не го повикате или испратите порака по раскинувањето, можете да бидете скоро 100% сигурни дека сте во неговите мисли. Ако го оставите доволно долго за да биде сам со неговите мисли без ваше мешање, тој ќе се врати кај вас. Бидејќи колку и да звучи неверојатно, тоа е основа на машката психологија.

Најпрво, тој ќе се обиде да открие какви се вашите чувства кон него? Дали веќе сте го преболеле и дали веќе се гледате со некој друг? Сакале или не, ако тој не чуе глас од вас, овие и слични прашања ќе почнат да го прогонуваат.

Зошто тишината е толку моќна?

Силата на тишината е во очекување на она што го носи со себе. Колку што мислеше дека ве познава, ова е првпат да се соочи со ситуација кога не може да го предвиди вашиот следен потег. Тој не знае каде сте, што правите и што планирате понатаму во вашиот живот. Тој не знае дали сето ова од ваша страна е само игра, тест или навистина сте решиле дека е готово меѓу вас.

Со толку многу прашања што висат во воздухот околу него, тој едноставно повеќе нема да може да издржи и ќе треба да излезе со одговор. Тоа би значело дека ќе ви се јави.

Прочитајте и: Дали сакате да знаете дали вашата врска ќе трае? Одговорете на овие прашања

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.