Ова е новиот дечко на Рене Зелвегер: Актерката е вљубена во 10 години помлад маж и не сака повеќе да се крие!

Нова љубов

Не се вознемириле ни кога забележале дека папараците ги фотографираат

Иако веќе некое време се шушка дека ужива во љубовта со Ант Анстед (42), актерката Рене Зелвегер (52) конечно беше уловена како со својот дечко го пие утринското кафе на терасата од неговата куќа.

Разликата од 10 години очигледно не ѝ пречи на двојката, а се чини дека повеќе не сакаат ни да се кријат.

Рене и Ант уживале во утринското сонце потполно опуштени, во домашна гардероба, а не се вознемириле ни кога забележале дека папараците ги фотографираат.

Актерката не носела шминка, косата ѝ била лежерно врзана, а првото утринско кафе со дечкото го испила во пижами.

Уште една средба на бившите полна со емоции и страст: Бредли Купер и Рене Зелвегер на Оскарите (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.