Кога ќе нападне вирус, на организмот му е потребна квалитетна течност: Чај против грип

Руските лекари советуваат одвари на база на тегавец, липа и подбел, а одлични се и топли напивки од плодови (и листови) од малина, боровинка и шипка со додаток од мед

Штом ќе настапи сезоната на грип, голема популарност (повторно) стекнуваат чаевите и витаминските напивки. Одамна е докажано дека многу билки манифестираат антивирусно дејство и го подобруваат имунитетот.

Затоа со помош на чаеви може да се забрза оздравувањето, да се спречат компликации, а во некои случаи, благодарение на навременото земање, дури и да се спречи болест.

ЧАЈ ОД ШИПКА СО МЕД

Оваа мултивитаминска напивка има дезинфекциски својства, дејствува така што поттикнува потење, ја зголемува отпорноста на организмот на инфекции и го забрзува оздравувањето.

Во првите денови од болеста правете одвар од голема доза шипка: од пет до седум лажици иситнети плодови ставете во термос, прелејте ги со литар зовриена вода, па оставете да отстои од четири до шест часа.

Пијте во текот на денот. Следените денови намалете ја дозата: три четири лажици иситнети плодови сварете во литар зовриена вода. Не заборавајте дека одварите од иситнети плодови од шипка треба да ги исцедите низ четири до шест слоја газа.

Исто така треба да се има предвид дека препаратите на база на шипка не им се пропишуваат на заболените од тромбофлебитис и во случај на покачена коагулација на крвта.

Температурата на лековитиот чај треба да биде 37-38  степени, бидејќи таков добро го прифаќаат слузокожата на усната празнина и желудникот и подобро се апсорбираат биолошки активните супстанции од билките.

Советува: Галина Владимировна Лавренова, професорка на Медицинскиот факултет во Санкт Петербург, членка на Руското здружение на натуротерапевти

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.