Која боја на кармин одговара на секој хороскопски знак?

Погледнете

Иако важи правилото дека бојата на карминот зависи од нијансата на нашиот тен, во која сезона го користиме или каква гардероба носиме, можеби има и нешто во тоа на кој хороскопски знак припаѓаме.

Хороскопскиот знак може да биде причина зошто имаме поголем афинитет кон одредени нијанси на шминка и фактот дека одредени бои рефлектираат одредени карактеристики на даден хороскопски знак.

Овен

Ако сте родени во овој знак, тогаш сте енергични, динамични, конкурентни, понекогаш малку агресивни, храбри и, генерално, склони кон преземање ризик. Најдобрата боја на кармин за вас е силна црвена. Ако ова не е она што ве одразува, покажете ја вашата самодоверба носејќи кармин во нијанса на костен.

Бик

Бикот е силен, сигурен, љубовен, доста конзервативен, емотивен и, во најголен дел, воден од здравиот разум. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во знакот на Бик се светло розова и виолетова.

Близнаци

Експресивни, друштвени, забавни, внимателни, фасцинирани од животот и љубители на луѓето – Близнаци. Најдобрите нијанси на кармин кои одговараат на овој лик се прекрасната виолетова, боја на вино и боја на малина. Тие совршено го отсликуваат забавниот карактер на Близнаците.

 

Прочитајте и: Совети за шминка: Како да имате јаболчици како Анџелина Џоли

 

Рак

Раковите имаат силна интуиција, тие се сентиментални, емотивни, чувствителни, ориентирани кон семејството и лојални. Најдобрите нијанси на кармин за дами родени во овој знак се светли нијанси на розова, неутрална или боја на кожа бидејќи тие најдобро ја рефлектираат мирната природа на Ракот.

 

Лав

Лавовите се лидери кои понекогаш се многу драматични, но исто така поседуваат огромна количина самодоверба и креативност, доминантни се, дарежливи, склони кон преземање ризици и постигнување на она што е предвидено. Исто така, тие се многу социјални луѓе. Совршената нијанса на кармин за нив е црвена, но нема да погрешат и ако користат светли нијанси на виолетова боја.

Девица

Да се биде роден во овој хороскопски знак значи дека внимавате на детали, прилично конзервативни, опуштени и грижливи. Најдобрата боја на кармин е суптилна розова боја за вас, бидејќи ќе покаже колку сте слатки, грижливи и опуштени. Најмногу ви прилега проѕирен кармин.

Вага

Заљубени во својот дом, мирни, опуштени, искрени, секогаш претпочита квалитет над квантитет и романтични. Со еден збор – Вага. Најдобрите нијанси на кармин за дами родени во овој знак се нежни корални тонови и романтични нијанси на розова боја.

Шкорпија

Дамите родени во овој хороскопски знак се страсни, упорни, решителни, снаодливи, малку мистериозни и многу лојални. Идеалните нијанси на кармин за Шкорпија се боја на костен и темна нијанса на црвена боја, бидејќи тие им помагаат дополнително да ја истакнат својата самодоверба и страст.

Овој начин на шминкање брише 10 години од лицето: Променила едно нешто и никој не можел да ја препознае!

Стрелец

Стрелците се многу љубопитни, енергични, со отворен ум, непомирливо оптимистични, забавни, личности за акција. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во овој знак се земни тонови кои само дополнително потенцираат колку се приземни.

Јарец

Трпеливи, жените родени во Јарец се многу внимателни, честопати тврдоглави, интелигентни, имаат добра смисла за хумор, практични се и зрели. Нивниот карактер најдобро се рефлектира со потоплите нијанси на кармин, најдоброто е розовата боја.

Водолија

Дамите родени во Водолија се многу спонтани, бунтовни и непредвидливи. Кога ги потенцирате овие квалитети, најдобро е да користите кармин во боја на мандарина, портокалова и огнена црвена боја.

Риби

Рибите се пријателски настроени кон околината, многу страствени, дарежливи, толерантни, но честопати живеат во свет на фантазија. Нијанси на кармин што совршено им одговараат се боја на праска и розова боја.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.