Како да ја намалите покачената температура?

Нормалната телесна температура се движи од 36,1 до 37,2 степени Целзиусови, а во текот на денот се менува без разлика дали сме болни или здрави.Најниска е рано наутро, измеѓу 4 и 6 часот, а највисока навечер измеѓу 6 и 8.Но исто така телесната темпрература зависи и од температурата на воздухот и физичката активност.

Повишена телесна температура се намалува со антипиретици, облоги со млака вода, со туширање, со проветрување и ладење на просторот во кој престојува пациентот.

1.Антипиретици

Овие препарати за намалување на температурата се користат кога таа е повисока од 38,5 кај деца, односно 39 степени Целзиусови кај возрасни.

2.Масажа

Масажа со млака вода е подобар избор од масажа со ладна вода и алкохол.Намалување на температурата со алкохол не е ништо поефикасно од водата а особено кај децата бидејќи може да предизвика иритација на кожата.

3.Течности

Поради покачена температура телото губи многу течности, но и витамини и минерали.Затоа треба да се зголеми внесувањето на чаеви и други топли напитоци со многу свежо овошје.

4.Индијански рецепт

Индијанците за намалување на покачена температура,прават луто-киселкаст напиток од  лута пиперка и портокал.Пиперката се потопува во врела вода, се додава шеќер и сок од кисел портокал.Овој напиток ја намалува температурата, го зголемува потењето и го снабдува организмот со витамин Ц.

5.Топли напитоци

Домашниот сок од малини ја намалува температурата, ја враќа енергијата и силата.Во малку вода сварете малини а потоа топлиот напиток пијте го наутро и навечер.

6.Чај

Билните чаеви се подготвуваат од 20г. камилица и 20г. мајчина душица бидејќи делуваат антисептички и го ублажуваат воспалението, а со додаток на 20г. липа се подобрува и потењето.Една лажица од оваа мешавина се прелива со чаша врела вода и се остава да отстои 10 минути.Процедете и пијте неколку шољи на ден.

7.Компир

Тркалца од компир ставете на табаните, на дланките и на челото како облога.При што топлината од површината на телото преминува во компирот и тој станува сув.Исто така, компирот може да се изренда и да се стави на стапалата да се облечат чорапи и нозете да се загреат.

8.Брашно и киселина

Направете мешавина од пченкарно брачно и алкохолен оцет така што ќе добиете густа смеса.Ставетеја на табаните,завиткајтеги стапалата со памучна крпа и облечете памучни чорапи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.