Џеј Ло во фустан во кој само едно копче држи „се’“!

Џенифер Лопез
Џенифер Лопез повторно воодушеви со својот многу смел стајлинг, бидејќи многу жени не би се осмелиле да го облечат овој фустан.

Латино-дивата го претстави својот бренд за шминка во „опуштено“ видео, каде што ја коментираше својата кариера и повремениот пад на самодовербата, бидејќи не се чувствуваше прифатена во Холивуд.

Сепак, сите гледаа во нејзиниот навидум едноставен, но многу смел фустан.

Станува збор за фустан потпишан од Дејвид Кома, еден од нејзините омилени дизајнери. Направен е во жолта боја, се закопчува од половината надолу, но од папокот нагоре само едно копче ја држи целата приказна „заедно“.

Фустанот има долги ракави и ја следи линијата на телото, а должината е до средината на листовите. Цената е околу 600 евра.

Кома ја дизајнираше и неверојатно атрактивната креација што ја носеше Џеј Ло на доделувањето на MTV наградите.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.