Исклучително здрава напивка: Се приготвува за 5 минути, а е вистинска бомба за имунитетот!

Вкусно и здраво

Оваа напивка изобилува со витамини и многу поволно дејствува на целиот организам

За да имате јак имунитет, неопходно е да внесувате доволно витамини и минерали. Можеме да ги зајакнеме имунолошкиот систем и организмот со домашни сокови.

Најдовме рецепт за една напивка, која освен што поволно дејствува на телото, има и одличен вкус.

За оваа напивка ќе ви требаат 4 состојки:

  • 2 грејпфрута
  • 3 портокали
  • 2 лимона
  • мед

Приготвувањето е сосема едноставно. Исцедете го овошјето и засладете ја напивката со мед.

Зошто е добра оваа напивка:

Преполна е со витамин Ц, кој му е моќен сојузник на имунитетот. Содржи и калиум, витамин А, витамин Б6, фолат и цинк, драгоцени нутриенти што ќе му помогнат на телото да се избори со вирусите, а добри сојузници се и ако сакате да ослабите.

Со една чаша ќе ги внесете сите потребни витамини: Оваа напивка може да го зајакне имунитетот и да ја подобри крвната слика!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.