Женственоста се враќа на големата врата: Шест бои што ќе завладеат со светот во 2021!

Пролет во нежни нијанси

Стилистите и дизајнерите често си играат со различни нијанси, па се запрашавме кои бои ќе завладеат со сцената оваа сезона

Минатата година, модниот свет беше преплавен со неутрални нијанси и со понекој детаљ што ја разбиваше монотонијата на тоновите на боја на кожа, капучино и песок. Меѓутоа, оваа година ни носи широка палета на различни колоритни тонови, кои ќе ја освежат и ќе ја разбудат оваа сезона.

Ѕирнете во плакарот и погледнете дали веќе имате некое парче облека во овие бои и гордо облечете го…

1. Жалфија зелена


Оваа нијанса ќе биде број еден оваа година. Жалфија-зелената боја им стои на сите тонови на кожа, а добро оди со тексас. Па така, не може да се погреши со оваа боја.

2. Чоколадно кафена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kezia Rose Cook (@keziacook)


Слободно можеме да кажеме дека чоколадно кафената боја е новата црна и дека оваа сезона ќе се наоѓа насекаде: на јакните од еко-кожа, на чизмите, па и на патиките и долната облека.

3. Лаванда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIASŌ (@miaso_undress)


Во палетата има многу виолетови нијанси, но една особено се издвојува, а тоа е бојата на лаванда. Лесна, ведра и разиграна, таа ги освои сите симпатии, така сè ќе можете да најдете во оваа нијанса: долна облека, костим за капење, блузи, кошули, модни додатоци…

4. Бледожолта


Велат дека самите ние треба да бидеме сонце, а како поинаку да си го разведриме денот ако не се облечеме во жолто? И додека обичната жолта е премногу интензивна, оваа нијанса е блага и многу отмена. Доколку не сте љубители на жолти тонови, секогаш можете да ја освежите вашата комбинација со моден додаток во оваа боја.

5. Интензивно портокалова


Не баш неонски блескава, но многу интензивна, оваа храбра боја е задолжителна оваа сезона. Дали се работи за бикини, јакни, фустани или комбинезони, јаката портокалова им прилега и на темните луѓе и на оние со посветол тен, а се носи и напролет и налето, а ќе се носи и кога ќе пристигне сезоната есен/зима 2021/2022.

6. Уште зелена!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by women.shop.here (@womenblush_com)


Покрај споменатата жалфија, оваа година во мода се и други нијанси на зелена, како лимета или маслинестозелени тонови. Одлично е тоа што овие бои лесно се комбинираат како со други нијанси, така и меѓусебно.

Ако сакате да бидете шик оваа пролет, облечете се вака!
Прочитајте и
1 коментар
  1. Anica Diepdorp вели

    Ooo dragi moi vistinska zenstvenost, za sega SAMO kaj transexualci. Nevideno nesto. Sekoja im cest. Pravi dami.

    Pozdrav od Amsterdam

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.