По експлозивното интервју на Меган и принц Хари, публиката удрила по Опра Винфри: „На сè се чуди – лоша глума!“

На удар на критики

Иако во текот на емитувањето на експлозивното интервју сето внимание било насочено кон војвотката и војводата од Сасекс, многумина го забележале и однесувањето на славната водителка

Меган Маркл и принц Хари во двочасовното интервју кај водителката Опра Винфри изнеле низа обвинувања на сметка на британското кралско семејство и на јавноста ѝ понудиле еден куп „валкани алишта“.

Тие си ја разголиле душата пред долгогодишната блиска пријателка и ја раскажале својата верзија на приказната, а освен реакции на зборовите на војвотката и војводата од Сасекс, лоши коментари пристигнуваат и на сметка на познатата водителка.

Многумина ја исмејуваат, додека други тврдат дека била потполно непрофесионална.

Многумина го забележале тоа што Опра често глумела изненаденост од информациите што ги откриле Меган и Хари иако постои мала веројатност дека однапред не знаела што ќе кажат.

„Опра. Хахаха. Не можам да се концентрирам на тоа што тие го зборуваат додека таа вака зинува од чудење. Добро, што е ова? Потполно непотребно! Дали Опра е добро?“

„На сè се чуди, лоша глума. Од една толку позната водителка очекував барем малку поразумно однесување. Хахахаха, да не е смешно ќе беше тажно“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Исто така, многумина сметаат дека Опра премногу им упаѓала во зборот на своите соговорници.

„Опра би требало да престане да ја прекинува оваа сочна приказна! Помалку Опра повеќе Хари и Меган!

Дали е до мене или Опра постојано ја прекинува Меган среде реченицата што сакаме да ја чуеме?

Опра поставува одлични прашања, но подобро би било да престане да ги прекинува. Сакам да ја чујам нивната приказна, а не мислењето на Опра за тоа“, се само некои од критиките упатени кон водителката.

Принц Хари не сакал камерите да го снимат ова: Еве што ѝ признал на Опра Винфри по интервјуто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.