Оваа информација сега многу ја интересира јавноста, но Хари не сакал да ја открие
Изјавата дека еден член од кралското семејство изразил страв и незадоволство што поради мешаната раса на Меган Маркл првиот син на принц Хари би можел да има потемен тен од сите други членови на кралското семејство, ја вознемирила јавноста, а кралското семејство повторно ја добило етикетата расисти.
Дури кога се исклучиле камерите, принцот Хари ѝ го открил најинтересниот дел од интервјуто на водителката Опра Винфри. Имено, откако Меган Маркл рекла дека еден член од кралското семејство изразил загриженост дека малиот Арчи би можел да има потемна боја на кожата поради неа и нејзините предци, почнало да се погодува кој би можел тоа да биде.
Иако многумина претпоставуваат дека се работи за самата кралица Елизабета Втора или за дедото на Хари, принц Филип, не се во право, бидејќи принцот Хари открил дека не станува збор за неговите баба и дедо, но не сакал да открие кој било тоа.
За жал, таа информација барем за сега нема да биде откриена.
„Не сакаше да го открие идентитетот на таа личност, но јасно ми даде до знаење дека станува збор за баба му или дедо му, кои воопшто не учествувале во тие разговори. Иако се обидував да добијам одговор од него и пред и зад камерите, не успеав“, порачала Винфри.