Единствениот член на кралското семејство со кого Меган останала блиска: Само ТАА не ѝ го свртела грбот!

Останале во контакт и покрај скандалите

Принцезата Јуџин е единствениот член на кралското семејството со кого поранешната пријателка останала во добри односи

Меган Маркл (39) отсекогаш била „црна овца“ во британското кралско семејство, особено откако со принцот Хари ги напуштиле кралските должности во 2020 година, односно откако парот започнал самостоен живот во Америка.

Тогаш станала една од најомразените членки на кралското семејство, на која многумина ѝ го свртеле грбот. Меѓутоа, со една личност од палатата, таа и ден денес е во контакт.

Војвотката од Сасекс и принцезата Јуџин наводно се многу блиски и покрај одлуката на поранешната актерка и нејзиниот сопруг да го напуштат кралското семејство.

„Принцезата Јуџин е, всушност, единствениот член на семејството со кого Меган остана во добри односи. Успеаја да останат во контакт, а дополнително се зближија за време на бременоста“, раскажал анонимен извор за медиумите.

Имено, Меган, која во мај 2019 година го родила синот Арчи, објави дека е бремена со второ дете отприлика во истото време кога принцезата Јуџин добила син со сопругот Џек Бруксбенк.

Покрај тоа што ја делат радоста поради децата, и Меган и принцезата Јуџин го изговориле судбоносното „да“ во 2018 година и тоа во растојание од само пет месеци. Меган и Хари одржале бајковита венчавка во мај 2018 година, додека внуката на кралицата Елизабета Втора се венчала во октомври истата година.

Тие настани дополнително ги зближиле.

Принц Хари не сакал камерите да го снимат ова: Еве што ѝ признал на Опра Винфри по интервјуто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.