Исфрлете ги токсините и песокот од бубрезите за 3 дена: Направете напивка од семки од лубеница кој проверено дејствува!

Моќна напивка

Речиси сите ги фрламе семките од лубеница, а не сме ни свесни колку лековита моќ имаат

За да ги искористите сите нивни лековити својства, семките треба да ги сварите, сомелете или испечете за да стигнете до драгоцената содржина.

Семките од лубеница содржат диететски влакна неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, во случај на појава на цревни паразити, како и за лекување заболени од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Во нив има неверојатна содржина на здрави состојки. Изобилуваат со силниот антиоксиданс ликопен, витамините Б5 и Б6, есенцијални аминокиселини, бакар, магнезиум, цинк и железо.

Благодарение на својот единствен состав, му помагаат на телото да се ослободи од токсините, подобрувајќи го здравјето на бубрезите, чувајќи го кардиоваскуларниот и нервниот систем и подобрувајќи го метаболизмот и имунитетот.

Едгар Кејси, кој умрел во далечната 1945 година, својот живот го посветил на истражување билни препарати. Тој им го препорачувал чајот од семки од лубеница на лицата кои имале бубрежни проблеми.

Чајот од семките е одличен диуретик и им се препорачува на пациенти кои треба да елиминираат камења и песок од бубрезите и уринарниот тракт.

Еве како се приготвува овој чај:

Се користат 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница, кои се дробат или сечкаат во блендер и се варат 15 минути во 2 л вода. Оваа количина треба да ја распоредите и да ја испиете во рок од два дена, а третиот ден се прави пауза.

Овој процес се продолжува неколку недели во истите интервали, два дена користење со еден ден пауза. Уште по првиот циклус од 3 дена ќе се чувствувате подобро, а наталожените токсини ќе исчезнат. За отстранување песок од бубрезите, треба да повторите неколку циклуси.

Чаша од оваа напивка на празен стомак ќе направи чуда за организмот: Го намалува холестеролот и крвниот притисок!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.