Мусака без месо: Летно јадење, лесно и вкусно!

Пробајте!

Време е за лесни и здрави јадења што ги крепат душата и телото

Состојки:
  • 600 г компири
  • 1 поголем домат
  • 1 главица кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 1 поголем морков
  • малку карфиол
  • 1 помала тиквичка
  • 200 г шампињони
  • грст грашок
  • масло, магдонос
  • зачинска пиперка, бибер
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици инстант-супа со печурки
Приготвување:

На масло пропржете главица кромид, додајте сечена пиперка и морков сечкан на кругови, тиквички, а потоа грашок. Додајте шампињони, зачинска пиперка, бибер, лук и лист од магдонос. Премачкајте тепсија со димензии 30х20 со масло. Половина од компирот исечкајте го на дното од тепсијата, па во средина сипете го динстаниот зеленчук.

Поклопете го остатокот од компирите, исечени на листови. Во 100 мл вода растворете 2 лажици инстант-супа од печурки, измешајте и прелејте. Прелејте и малку масло. Печете на 200 степени околу еден час.

Грчка мусака: Летен лесен ручек со домати и тиквички – сочен и превкусен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.