Станувањето рано е подобро и поздраво

Истражување открива

Фото: Unsplash

Ја знаете таа поговорка: Кој рано рани, две среќи граби? Научно е докажано дека е вистина. Студијата на 32.470 жени, објавена во списанието Психијатриско истражување, открила дека луѓето кои се разбудиле во шест часот или дури порано, имаат 25 проценти помал ризик од развој на депресија отколку „ноќните птици“.

И не само тоа. Оние кои стануваат порано, со поголема веројатност ќе стапат во брак, додека заспаните се со поголема веројатност да бидат осамени и депресивни. Ризикот се зголемува ако тие исто така се пушачи и имаат неправилни навики за спиење, а едното често го влече другото.

Резултатите од оваа студија ги споделува еминентниот австралиски психолог д-р Бејли Бош. „Будењето и станувањето рано ви дава можност сами да се одморите од постојано да правите нешто и да брзате. Вие си обезбедувате време да бидете со себе и да бидете во мир, што обезбедува долгорочно задоволство.”

Бош додава дека не е тешко, како што изгледа на почетокот, да станеш утрински човек.

“Секој може да го препостави својот внатрешен часовник и да започне да се буди рано. Телото ќе го прифати ова многу брзо и со нетрпение ја очекува новата рутина затоа што станувањето рано е еволутивно природно, односно е сосема природно. Се будевме рано до неодамна, сè додека не измисливме електрична енергија и светлина”, вели Бош.

Прочитајте и: Имате проблеми со спиењето? Можеби не внесувате доволно магнезиум!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.