Хормон што прави секоја жена да изгледа попривлечно: 5 начини како природно да го зголемите неговото ниво

Недостатокот на серотонин, т.н. хормон на среќа, кој носи енергија, го чува имунитетот и позитивно влијае на функциите во телото, исто така влијае и на нашето расположение, квалитетот на сонот, либидото, па дури и прехранбените навики.

Доколку во телото нема доволна количина на серотонин, може да настанат здравствени проблеми бидејќи одредени функции во телото функционираат поинаку од вообичаеното.

Исто така, симптоми кои укажуваат на недостаток на серотонин се анксиозност, депресивно расположение, несоница, умор или исцрпеност, дигестивни проблеми и недостаток на енергија.

Кога на телото му недостасува серотонин, тоа се рефлектира и врз физичкиот изглед: изгледаме безволно, немаме волја да се разубавуваме, уморни сме и не ја поседуваме енергијата со која нормално зрачиме.

Затоа, за да го одржите здравјето, но и женската привлечност и убавина, мора да направите телото природно да произведува повеќе серотонин.

Еве 5 начини на кои можете да придонесете за тоа:

Спијте доволно – легнувајте си навреме, по можност пред 23 часот. Квалитетниот сон и минимум 7 часа спиење се неопходни за одржување на виталноста и оптималното ниво на серотонин.

Пијте многу вода – Недостигот на течности поттикнува дехидрација која може да биде ризична по здравјето, но исто така негативно се одразува и врз кожата, косата и ноктите.

Занимавајте се со спорт – Секојдневното вежбање, пешачењето или каква било друга физичка активност помага да се ослободите од стресот и го стимулира лачењето на серотонин, а одлично делува и врз вашето тело и кондиција.

Изложувајте се почесто на сонце – Недостатокот на сончева светлина негативно влијае на нивото на серотонин и витамин Д, а докажано е дека луѓето кои ретко се изложени на сонце имаат поголем ризик од лошо расположение, па дури и депресија. Сончевата светлина го зголемува нивото на серотонин!

Обрнете внимание на исхраната – Серотонинот е потребен за нормална комуникација помеѓу нервните клетки. За да го поттикнете, во исхраната вклучете намирници богати со триптофан. Јадете јаткасти плодови, пилешко и мисиркино месо, лосос, сирење, јогурт, печурки, производи од соја и сусам.

Ако ги следите овие едноставни совети, наскоро ќе забележите дека не само што ќе се подобри вашето здравје, туку и вашиот изглед. Оптималното ниво на серотонин нè тера да зрачиме со позитивна енергија која привлекува, па затоа не го занемарувајте неговото влијание.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време