Подарок за 1 читателка: Парфем Flora Salvaggia by Aqua Allegoria

Опоен мирис

Овoj и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Септемвриската „У&З лавина од подароци“ ја затвораме со подарокот од „Аква Алегорија“, која на една читателка ѝ го подарува новиот волшебен парфем Flora Salvaggia.

Уште од 1999 година, свежите мириси на колекцијата Aqua Allegoria истражуваат нови градини, вистински и имагинарни, ширејќи свежина по целиот пат.

Природата е неограничена, совршено поле на бескрајни можности, од кои Thierry Wasser, мастер-парфимерот на Guerlain, и Delphine Jelk, парфимер на Guerlain, ја црпат својата инспирација.

Во нивните моменти на бегство, нивните четири раце и два духа постојано ги поместуваат границите на креативноста.

Flora Salvaggia

Високите треви треперат и шумолат во далечината, додека пчелите танцуваат. Природата вибрира од радост. Акорди од диви цвеќиња.

Неодоливиот мирис на самбак јасмин најавува свиок на патот. Имагинацијата зазема крилја.

Топла прегратка на сонцето додека се топи покрај мекиот мирис на цвет од портокал.

Топлината на денот го достигнува својот врв.

Свежата плодна диња ја гаси кожата. Сончева и магнетна арома.

Бел мошус покрај мала правлива виолетова боја и ирис. Сите сетила се подготвени.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Герлан“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.