Фантастичен чај од хибискус: Го намалува притисокот, помага при слабеење, го зајакнува имунитетот…

Одличен за здравјето

Иако чаевите од камилица, шипки или лаванда се многу популарни, малку е познато за чајот од хибискус, а тој има многу здравствени придобивки.

Како прво, важно е да знаете дека станува збор за пијалак полн со антиоксиданти кои се спротивставуваат на негативните ефекти на слободните радикали во организмот.

Овој вид чај е одличен ако сте на диета, ако се обидувате да го намалите холестеролот, да го одржувате здравјето на срцето или да го зајакнете имунитетот.

Чајот од хибискус се прави од сушени цветови, така што го краси и убава темноцрвена боја. Има сладок и ароматичен вкус и може да се конзумира ладен или топол.

Што друго нуди чајот од хибискус?

Природен лек за бактериски инфекции

Бактериите можат да предизвикаат бројни инфекции, од бронхитис до пневмонија. Споменавме дека станува збор за силен антиоксиданс, затоа не е ни чудо што чајот од хибискус може да се користи за борбата против бактериите.

Го намалува крвниот притисок

Научниците потврдија преку бројни студии дека тој придонесува за здравјето на срцето и го намалува крвниот притисок, дури по четири недели консумирање. И ако немате здравствени проблеми, овој пијалак одлично ќе ве освежи.

Прочитајте и: Тиаминот е витамин што игра клучна улога во заштитата од коронавирус: Во овие намирници го има најмногу!

Го смирува и го подобрува расположението

Флавоноидите од овој чај се добри за менталното здравје – ги олеснува симптомите на депресија и го подобрува расположението. Ако сте во лошо расположение, едноставно подгответе чај од хибискус и за кратко ќе се чувствувате многу подобро.

Помага при губење на тежината

Овој растителен пијалак поддржува губење на тежината и често е состојка во подготовките за оваа намена. Тој ќе го забрза метаболизмот за да помогне во разградување на јаглехидратите и мастите и ќе го олесни гладот.

Го зајакнува имунитетот

Силните антиоксиданти од овој чај можат да го зајакнат вашиот имунитет и да го „активираат“ производството на бели крвни клетки, кои се важни во заштитата на организмот од инфекции.

Ја ублажува менструалната болка

Ова е еден од најдобрите природни лекови за ублажување на женските непријатности.

Работи како природен диуретик

Хибискусот има диуретични својства кои помагаат во излачувањето на вишок течности од телото и ослободување од затвор.

Ќе ви ги прочистат артериите и ќе ви го регулираат нивото на холестерол: Овие 5 производи се помоќни од кој било лек!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.