Негативните мисли се поопасни од болест: Еве што му се случува на телото кога сме лошо расположени!

Психолозите откриваат

Во организмот доаѓа до сериозни промени кога размислуваме негативно – за среќа постојат техники што можат да ни помогнат да се ослободиме од лошото расположение

Нашите емоции во голема мера го одредуваат здравјето на организмот. Психолозите објаснуваат какви промени и процеси се случуваат во организмот кога размислуваме негативно.

Едно истражување покажало дека песимистичните пациенти имаат помали шанси да преживеат и да оздрават по тешка операција за разлика од оние што сакаат да живеат. Оние со позитивни мисли успеваат да се извлечат и од најкритичните ситуации, тоа е заклучокот на истражувањето. Мислите имаат голема моќ, па затоа користете ги паметно.

Еве зошто негативниот став убива повеќе од која било болест

Кога некој човек се соочува со тешка болест, доколку се фокусира на болеста и предвидува лош исход, ќе почне да се чувствува омалаксано, изнемоштено и болеста ќе напредува. Наместо тоа, ако почне да ги решава своите стравови и став, автоматски ќе почне да се чувствува подобро и посилно.

„Веројатно ќе помислите дека лесно е да се каже, но многу потешко да се спроведат на дела позитивните мисли кога човек ќе се најде во тешка ситуација, но малиот напор е добар почеток и ќе има позитивен ефект. Никој не вели дека тоа е лесен пат, кон целта се оди постепено, чекор по чекор“, велат психолозите.

Стравот на некоја жена дека нема да го најде „вистинскиот“ и постојаното размислување за тоа, најверојатно ќе резултира со тоа таа навистина да остане долго сама. Фокусирањето на решението, а не на проблемот, во тоа е клучот на успехот.

Ерик Фром еднаш рекол:

„Ние сме она во кое самите веруваме, а не она во кое другите нѐ убедуваат. Доколку верувате дека ви е добро, така и ќе биде. Ова не се само празни зборови, вистинитоста на ова тврдење е докажано многу пати со разни истражувања.“

Негативните мисли можат да ги предизвикаат или да ги влошат соматските болести. Кога еден човек е под стрес, први на удар се срцето и желудникот. Лошото расположение остава најголеми последици на нив. Како последица на стресот, мускулите се грчат, се намалува дотокот на кислород во мозокот. Пулсот се забрзува, а сето тоа може да остави сериозни последици на срцето.

Добрата вест е што можеме да се ослободиме од негативните мисли и од стресот, психолозите препорачуваат медитација како најефикасен вид лечење.

За да се уверите во вистинитоста на ова тврдење, направете го овој експеримент. Во вашиот дом можете да истражите како негативните мисли веднаш влијаат врз телото.

Седнете и затворете ги очите, а потоа замислете си некоја непријатна сцена, како на пример, кавга со мајка ви, партнерот или децата. Забележете како дишењето, пулсот и отчукувањето на срцето се забрзуваат.

Потоа, повторно заземете удобна положба, но овој пат замислете место на коешто се чувствувате убаво или со мислите вратете се во периодот кога сте биле најсреќни. Ќе забележите како целото тело и мускулите се опуштаат, а вам ви се појавува насмевка на лицето.

Ако овој мал експеримент може да предизвика вакви промени во организмот, замислете низ колкав напор поминува телото кога е изложено на вистински стрес и постојано негативно размислување.

„Излезот од маѓепсаниот круг на лошото расположение и анксиозност не е воопшто лесна работа, но ако секој ден се принудувате себеси да помислите на нешто убаво и сите работи ги гледате од позитивен агол, за неколку дена тоа ќе стане ваша навика, а тоа води кон посреќен живот“, заклучуваат психолозите.

Секој мора да го прочита ова: 7 лекции од познати психолози кои ќе ви го променат животот од корен!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.