6 особини кои жените ги сакаат од својот партнер за да бидат исполнети

Дали и вие сте во потрага по истото?

Силните и самозадоволни жени секогаш ги ставаат своите вредности и квалитети на прво место, а во согласност со нивните доблести, очекуваат одредени квалитети од партнерот. Кога конечно ќе дозволат маж да влезе во нивните животи, тие очекуваат одредени квалитети од него, така што тие знаат дека конечно пронашле партнер кој може целосно да им парира во сè.

Идеалниот човек за нив мора да ги има следниве квалитети:

Пристојност

Таа е дама и покрај себе сака господин кој ќе ја разубави секоја средба со добри манири. Нежност, учтивост и пристојност се сè што таа го очекува од својот човек уште од самиот почеток.

Почитување

Тие секогаш бараат целосна почит од партнерот затоа што, покрај тоа што се свесни дека ја заслужуваат, тие знаат дека почитта е основа на секој здрав меѓучовечки однос.

Независност

Силните жени многу се грижат за себе, за своето време и за личните потреби и истото го очекуваат од партнерот. Тие сакаат силен и независен маж, кој во сите нешта ќе се здружи со нив и нема да биде изгубен во сенката на својата сопруга, туку ќе ги цени своите сопствени потреби и ќе одвои време за себе.

Прочитајте и: Американски психолог ги открива најчестите причини за распад на бракот: Ова се 4 опасни знаци!

Чесност 

Жената која знае што сака од животот, знае колку е важна вистината и колку е важно да се задржи. Таа бара од партнерот да има отворена и искрена врска и последното нешто што го сака покрај себе е човек кој нема храброст да зборува или да се носи со вистината.

Добра смисла за хумор

Независните жени се добро запознаени со значењето на стресот и напнатоста, и затоа сакаат покрај себе маж кој знае како да ги насмее и со кој ќе можат да ги заборават сите свои грижи.

Тенденција за компромис

Таа е свесна дека сите сме различни на еден или друг начин, но за да може врската да преживее, потребно е и двајцата партнери да покажат разбирање и склоност кон компромис, за да се најдат на половина пат и да уживаат во нивната љубов.

10 карактеристики кои откриваат висококвалитетен партнер

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More