Еве што се случува со вашето тело кога сте ненаспани

Обрнете внимание

Стресот на кој неодамна сме изложени не дозволува нашите мисли да се смират, туку тие кружат во мозокот во време кога треба да спиеме. Кога не сме опуштени во мислата и нашето тело е во грч, ова придонесува за проблеми со спиењето што оставаат белег на целото тело.

Еве што може да се случи ако сме премногу ненаспани:

  • Повеќе сме подложни на болести затоа што имунолошкиот систем е ослабен од несоница, а кога имунитетот е слаб, организмот се бори со инфекции и други заболувања многу потешко.
  • Мозокот работи бавно и тешко е за нас да донесуваме разумни заклучоци и да се концентрираме на нешто. Ова може да биде многу опасно, особено за луѓе кои поминуваат многу време зад воланот.
  • Луѓето кои спијат помалку од пет часа на ден се склони кон зголемување на телесната тежина. Но, може да се случи и на оние кои спијат повеќе од пет часа, но тоа не е доволно за нивното тело. Потоа, во текот на денот немаат доволно енергија, па посегнуваат кон нездрава храна и се движат помалку.
  • Кожата изгледа полошо – брчките се поизразени, има повеќе дамки од стареење, се појавуваат акни. Телото да се забрзано старее кога е уморно.
  • Ризикот од кардиоваскуларни заболувања е поголем.
  • Сексуалниот нагон слабее. Ако спиеме помалку од пет часа и така една недела, нивото на половите хормони ќе се намали.
  • Додека спиеме нашите мозоци ги филтрираат информациите, а недостатокот на сон ќе го наруши тоа и може да изгледа дека главата ни е полна со сè и сешто – дека има забуна во неа.

Затоа, обидете се да се опуштите пред спиење. Наполнете ја кадата со топла вода, прочитајте ја омилената книга или слушајте некоја смирувачка музика. Накратко заборавете на вашите грижи и обидете се да заспиете, бидејќи проблемите ќе бидат таму и наутро кога ќе се разбудите, но ќе биде многу полесно да се справите со нив ако имате добар одмор.

Прочитајте и: Зошто не можете да заспиете?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.