4 намирници што не се купуваат за време на коронавирус: Може да биде опасно по живот!

Совети на експерти

Време е да мислиме и на другите, а не само на себе

Сега, кога многумина од нас прават неделни резерви на храна за што поретко да одат во продавница и така да го сопрат ширењето на коронавирус, лесно е да се заборави на проблемите на другите луѓе на кои им требаат одредени производи од медицински причини.

„Ако некој остане без намирници што му се неопходни, затоа што е на посебен режим на исхрана, тоа може да биде опасно по живот за него“, наведува Ева Персак, нутриционист.

Ако недостигот на овие производи стане долгорочен, поради пандемијата на пример, здравствената состојба на поединци може сериозно да се влоши, велат експертите.

За да им помогнете на другите да го сочуваат здравјето, експертите ѝ препорачува на општата популација да одбегнува или барем да го намали купувањето одредена храна, додека заврши пандемијата. Еве за кои намирници станува збор…

Кокосово масло

Ова масло е од витално значење за лицата кои страдаат од болести на црниот дроб и песок во жолчката. Бидејќи ова масло е богато со триглицериди од средниот синџир, не ги оптоварува црниот дроб и жолчката како што тоа го прават другите масти. Поради недостигот на резерви, но и поради доцнењето на испораката преку Интернет, корисниците може да останат без него.

Замрзнато зрнесто овошје

Тоа е од витално значење за лицата со хронични бубрежни болести.

„За луѓето со хронични бубрежни болести, има многу малку овошје и зеленчук кое е безбедно за консумирање. Повеќето билни намирници се богати со калиум и фосфор, двата минерала кои ги оптоваруваат бубрезите“, велат нутриционистите.

Зрнестото овошје содржи минерали кои се безбедни за пациентите со болести на бубрези. Но со оглед на тоа што сѐ потешко е да се најде во супермаркетите, тие можно е да останат без единствениот извор на витамин Ц во исхраната.

Производи без глутен

Незаменливи се за луѓето кои страдаат од алергија на глутен. Откако Новак Ѓоковиќ кажал дека е алергичен на глутен, пола Србија престанала да јаде леб и брашно. Дошло до недостиг на производи без глутен. Но ако докторот не ви препишал нивно користење, немојте да ги купувате и да им го земате производот кој на другите им е неопходен за здравје.

Калориски шејкови

Лицата со хронична опструктивна белодробна болест согоруваат голем број калории со огромна брзина (10 пати побрзо од сите нас), поради што треба да внесуваат голем број калории секој ден. Овие шејкови се незаменливи производи за нив, бидејќи така лесно внесуваат калории во телото.

„Ако не изедат многу калории во текот на денот, може да се соочат со губење на тежината и неухранетост“, велат експертите.

Еден од начините тие луѓе да го добијат потребниот број калории е да испијат протеински шејк.

Исто така, оние што минуваат низ хемотерапија поради канцер, може да доживеат губење на апетитот, губење тежина и мачнина, така што овие шејкови им значат многу.

Корисни совети за безбеден шопинг за време на пандемијата на коронавирусот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.