Зошто на некои луѓе им е потребно помалку сон од другите?

Што велат експертите?

Фото: Unsplash

Не само што сме уморни, туку и телото е поподложно на болести. Таков е случајот со повеќето луѓе, но има и такви на кои навистина им се потребни само неколку часови спиење во текот на ноќта за да функционираат добро и да не трпат здравствени последици.

„Луѓето на кои им треба помалку сон, спијат многу поефикасно. Што и да прави сонот на нашето тело, на повеќето луѓе им требаат осум часа за да го комплетираат, додека на овие луѓе им се потребни шест до четири часа.

Кога ќе откриеме што е тајната, ќе можеме да го искористиме тоа знаење за да им помогнеме на другите“, рече професорот по неврологија и коавтор на студијата за глувци, Јинг-Хуи Фу.

Според студијата спроведена на Универзитетот во Калифорнија и објавена во списанието „Science Translational Medicine”, одговорот е веројатно во нашата ДНК. Глувците биле подложени на лабораториски тестови од научниците.

Тие најпрво идентификувале генетска мутација и потоа намерно направиле грешка во генетскиот запис во една група глувци. На овие глувци им било потребно помалку сон од другите, имале подобра меморија и немале несакани ефекти поради недостаток на сон.

Иако лекови со овие ефекти веројатно нема никогаш да бидат на пазарот, идејата е многу привлечна – ја земаме пилулата и помалку спиеме без несакани ефекти и замор.

Многу луѓе мислат дека пет часа спиење неделно е доволно, кои потоа ќе ги надоместат за време на викендите, но тие не се во право. „Вашата перцепција е искривена кога спиете премногу малку, па не забележувате дека вашите перформанси се надвор од нивото“, вели Јинг-Хуи Фу.

Прочитајте и: За подобар имунитет: Спиењето не е само рецепт за убавина, туку е и гаранција за добро здравје

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.