Од најубавата жена во Холивуд останала само бледа сенка: Актерката потполно го сменила личниот опис со пластични операции!

Претерала

Фановите се прашуваат зошто отишла толку далеку со пластичните операции

Мелани Грифит, актерка и поранешна сопруга на Антонио Бандерас, никогаш не криела дека подготвена е на сѐ за убавина и младешки изглед. Актерката која ја гази седмата деценија секојдневно оди во вежбалница и се труди со сите сили да го зачува изгледот на заводница. Никогаш не криела и дека често оди кај пластичен хирург за убавина.

Меѓутоа, изгледа отишла предалеку, па фотографиите што се појавиле пред неколку дена привлекле големо внимание. Тие го покажале нејзиното вистинско лице, кое потполно е изменето од многубројните посети на пластичен хирург.

Многумина претпоставуваат дека направила уште неколку корекции во последни време, кои не дале најдобри резултати. Актерката едвај ги придвижува устата и образите и иако има 62 години, изгледа многу постаро.

Коментарите на нејзина сметка не биле воопшто позитивни. Многу фанови се запрашале како си дозволила себеси целосно да го уништи убавото лице и да стане предмет на потсмев.

„Трката со времето не е добра. Погледнете што се случува кога сакате да ги победите годините“, напишал еден од корисниците на социјалните мрежи.

Изгледа дека и самата е свесна за своите грешки, па така, неодамна во интервју за магазинот „Пипл“ рекла:

„Воопшто не бев свесна за тоа, додека луѓето не почнаа да зборуваат: ’О боже, што ли направила’“.

Познати жени кои се уништиле со операции: Биле прекрасни, се’ додека не одлучиле да се разубават!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.