Познати жени кои се уништиле со операции: Биле прекрасни, се’ додека не одлучиле да се разубават!
Претерале!
Младешкиот изглед е еден од оние трендови што никогаш нема да излезат од мода во Холивуд
Некогаш жените легнувале под нож за да ги испеглаат брчките, да ги пополнат образите или да ги зголемат усните, и тоа биле скапи и ретки операции.
Денес, естетските корекции се многу поедноставни, па овие услуги почнаа да ги користат се’ поголем број жени од јавната сфера. Дури и кога не признаваат дека имале помош од „нож“, видливи се разликите во нивниот изглед во споредба со нивните актерски, пејачки или манекенски почетоци.
Овие дами баш претерале, а биле многу поубави пред да се одлучат да ја поправаат природата!
Кортни Кокс
https://www.instagram.com/p/B0g52mQosOt/?utm_source=ig_embed
Моника Гелер од култната серија „Пријатели“ важеше за фатална црнка и една од најубавите актерки. Но тогаш одлучила да направи операции и наместо подмладен, добила потполно извештачен, заледен изглед.
https://www.instagram.com/p/BybNu0Fj_mL/?utm_source=ig_embed
Мег Рајан
https://www.instagram.com/p/B0Sr9otHr-t/?utm_source=ig_embed
Некогаш прекрасната русокоса барбика Мег Рајан отсекогаш била категорична кога ги негирала пластичните операции. Но разликата е сосема очигледна.
https://www.instagram.com/p/B0Ma50ZnTc4/?utm_source=ig_embed
Никол Кидман
https://www.instagram.com/p/B0ax2IWlOrc/?utm_source=ig_embed
Уште една фатална дама која рано потклекнала на трендот за разубавување. Тврди дека престанала со ботоксот, но многумина не и’ веруваат. Фотографијата јасно говори зошто.
https://www.instagram.com/p/B0glvIYnm0l/?utm_source=ig_embed
Мелани Грифит
https://www.instagram.com/p/BGh43p1nw3p/?utm_source=ig_embed
Му била голема љубов на познатиот Антонио Бандерас и една од најбараните актерки. Со текот на време, самата и’ пресудила на својата убавина.
Донатела Версаче
Можеби најдрастичниот пример за тоа како можете да се уништите со пластични операции е сестрата на познатиот креатор Џани Версаче.
Донатела никогаш не важела за жена со исклучителна убавина, но она што го направила од себе со пластичните операции навистина е шокантно.
Која дама ви била најубава пред да се обиде да стане уште поубава? Споделете со нас во коментари!
ФОТО: Getty Images, Instagram