Домашен сок од нане: Лечи дури 10 болести

Пробајте!

Ништо не освежува подобро од домашен сок од нане

Во текот на зимата, чајот од нане им е омилената напивка на многу луѓе, поради убавиот вкус, пријатниот мирис, но и бројните лековити својства..

Сепак, сезоната на цутење нане е лето, а ние ви предлагаме совршен начин да уживате во оваа моќна билка и во текот на летото. Пригответе освежувачки сок од нане и лимон.

Здравствени придобивки од сокот од нане:
  • Го јакне имунитетот и го спречува развојот на бактерии и вируси.
  • Ги опушта нервите и целиот организам.
  • Гарантира мирен и добар сон, го спречува ноќното потење.
  • Помага при проблемите со желудникот (ја неутрализира болката и киселините)
  • Ги ублажува симптомите на настина и алергија
  • Го елиминира лошиот здив (генерално им се препорачува на луѓето што страдаат од парадентоза и имаат лош квалитет на заби)
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Ги ублажува симптомите на менструација и менопауза
  • Го забрзува метаболизмот и процесот на слабеење
  • Овозможува редовно празнење на цревата

Ви треба уште некоја причина за да го приготвите овој вкусен, здрав пијалак?

Состојки:
  • 2 литри вода
  • 200 грама шеќер
  • 10 врвови свежо нане
  • сок од 1 лимон
Приготвување:

Сварете ги водата и шеќерот, па кога ќе се изладат додајте нане. Оставете го да отстои 24 часа, па потоа исцедете го и додајте лимонов сок. Пијте го пијалакот оладен кога ќе почувствувате жед.

Пригответе го овој сок од нане, кој ќе ве излечи, ќе ги ја изгаси жедта за време на жештините, но и ќе ви го подобри здравјето!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.