ДОКАЖАНО е дека нашите ХИГИЕНСКИ НАВИКИ може да влијаат врз работата на СРЦЕТО

И додека сите сонуваме за убави, бели, прави, пред сè здрави заби, статистиката вели дека луѓето во повеќето случаи чекаат да ги заболи нешто за да отидат на забар. Многумина веруваат дека здравјето на забите е посебно и дека не влијае на здравјето на целиот организам.

Меѓутоа, здравјето на забите е исто толку важно како и здравјето на остатокот од телото и може сериозно да ја наруши здравствената состојба доколку го занемарите.

Многу физички заболувања започнуваат токму со проблемите во устата. Затоа не треба да ја одложувате посетата на стоматологот, бидејќи на тој начин вашите заби ќе останат здрави. Еве неколку различни начини на кои здравјето на забите може да влијае врз здравјето на вашето тело.

ИСПАЃАЊЕ НА ЗАБИТЕ Секој знае дека недостигот од стоматолошка заштита доведува до заболување на непцата. Болеста на непцата, пак, е резултат на општиот начин на чистење на забите и на неупотребата на забен конец.

Во овој случај, устата е полна со бактерии, кои создаваат тенок филм што се лепи за нашите заби. Кога не ги четкаме забите редовно, тој филм се претвора во забен камен и целосно ја оштетува глеѓта на забите.

Ако забниот камен не се исчисти, непцата ќе станат болни и може да предизвикаат испаѓање на забите. Со едноставно секојдневно четкање на забите и користење забен конец ќе спречите губење на забите и вашите непца ќе ги одржувате здрави.

РИЗИК ОД АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ Едно изненадувачко откритие за експертите и за обичниот свет беше фактот дека заболените заби ја зголемуваат шансата за развој на Алцхајмерова болест. Бактериите што се јавуваат како резултат на болест на непцата може да навлезат во крвотокот и на крајот да стигнат и до мозокот, каде што во подоцнежните години може да доведат до проблеми со меморијата.

КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА Овој факт можеби звучи чудно, но докажано е дека нашите хигиенски навики може да влијаат врз работата на срцето. Кога бактериите од заболените непца ќе стигнат до крвотокот, тие може да ги затнат артериите, што ќе доведе до блокада или срцев удар.
За да се заштитите од кардиоваскуларните болести, мијте ги забите и користете конец секој ден, советуваат стоматолозите.

Правилната исхрана исто така ќе го зајакне вашето срце, но исто така мора да направите сè што е во ваша моќ за да го намалите количеството на стрес што го чувствувате секој ден.

РЕСПИРАТОРНИ ПРОБЛЕМИ Проблемите со белите дробови и тешкотиите со дишењето се уште една причина да се грижите за забите. Повторно, бактериите предизвикуваат проблеми, бидејќи можете да ги вдишите во белите дробови од капките плунка во воздухот. Доколку носите протеза, потребни ви се посебна грижа и секојдневна детална нега, за да останат здрави вашите бели дробови долги години.

КАКО ДА СЕ ОДБРАНИТЕ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ?
Како да се одбраните или како да спречите конкретен проблем е подобро прашање!
Грижата за вашите заби е важна за да останат здрави и убави, но и за да остане здраво и силно целото тело.
Покрај редовната хигиена, не треба да ја игнорирате и болката во забите што се јавува кога консумирате студени пијалаци, слатка храна или која ненадејно ве прободува додека одморате или работите.
Закажете редовни прегледи на стоматолог на растојание од шест до дванаесет месеци и одржувајте ја забната глеѓ чиста – така ќе немате причина да бидете загрижени за здравјето!

ФОТО: VISUAL GENERATION ISTOCK VIA GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.