НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Дознајте каков период ви претстои

Прогноза

Фото: Getty Images

Раковите ќе треба да подготват резервен план, неделата на терезиите ќе ја обележи конфронтацијата со колегите поради сплеткарење, но ќе биде особено успешна за стрелците што се занимаваат со трговија и со финансии.

ОВЕН

21.3.-20.4.

Многу важен деловен состанок ќе помине со мали пречки, но на крајот ќе се договорите и ќе склучите важен договор. Предизвикот на љубовен план се одвива во деловна атмосфера и пократки патувања. Ќе ве маѓепса една терезија. Главоболка.

БИК

21.4.-20.5.

Периодов ќе ви донесе неочекувани промени во деловните договори. Разговорот со претпоставените ќе се одвива во бунтовна атмосфера. Запознавањето со една девица или терезија нема да ве остави рамнодушни. На видик е нова романса. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

21.5.-21.6.

Разговорот зад затворени врати со претпоставениот може да предизвика недоразбирање. Спротивните ставови ќе изискуваат компромис. Близнаците што се во врска сериозно размислуваат да ја официјализираат со брак. Ве очекува заедничко планирање. Алергија.

Фото: Getty Images

РАК

22.6.-22.7.

Подгответе резервен план и импровизирајте решенија за да ги надминете неочекуваните пречки на работа. Избегнувајте ја атмосферата на интриги и манипулации по секоја цена. Пред вас е бурна љубовна романса со личност што можеби ќе ја сретнете на патување. Алергија.

ЛАВ

23.7.-23.8.

Лавовите што соработуваат во странство можат да наидат на многу тешки деловни соработници, а тоа ќе бара големи отстапки од ваша страна. Запознавањето со една скорпија или овен може да ве доведе во многу турбулентна, но комплицирана врска. Тахикардија.

ДЕВИЦА

24.8.-23.9.

Еден деловен состанок или кратко бизнис-патување може да бидат исклучително успешни и да ви донесат значаен исчекор во кариерата. Ви се допаѓа една личност што ве третира топло-ладно. Смислувајте тактики како да ѝ пристапите. Солидно здравје.

ТЕРЕЗИЈА

24.9.-23.10.

Конфронтацијата со колегите поради сплеткарење ќе го обележи периодов. Ве очекува напната атмосфера при разговорот со претпоставените. Размислувате дали да стапите во врска со личност што не е слободна. Можен е почеток, но под превезот на тајноста. Солидно здравје.

СКОРПИЈА

24.10.-22.11.

Еден деловен соработник ви задава главоболка и тврдоглаво ги брани своите ставови. Клучот да успеете се вашите лични презентациски вештини. Ве привлекува ексцентрична и контроверзна личност. Можна е страсна, но комплицирана врска. Болка во колената.

СТРЕЛЕЦ

23.11.-21.12.

Оваа недела ќе биде особено успешна за стрелците што се занимаваат со трговија и со финансии. Премногу сте фокусирани на работата и почнавте да го запоставувате партнерот. Променете ја таа лоша навика навреме. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

22.12.-20.1.

Деловната соработка со некои пријатели може да ги покаже првите финансиски резултати. За време на едно патување ќе запознаете многу интересна и привлечна личност. Сепак, врската на далечина може да ви биде тешка подоцна. Намален имунитет.

ВОДОЛИЈА

21.1.-19.2.

Марс престојува во вашиот знак и ви носи проширување на кругот на соработници. Овој период ви носи примена на нови методи на работа и промени во работната средина. Врската со партнерот ви страда бидејќи премногу сте преокупирани со обврските. Посветете му повеќе време. Лоша циркулација.

РИБИ

20.2.-20.3.

Неопходно е да ги организирате деловните обврски на вистинскиот начин, но и да не дозволите вашата расеаност да се одрази врз деловниот ефект. Ако сте во врска/брак, ќе се посомневате во лојалноста на партнерот. Доколку сте слободни, можна е тајна романса. Склони сте на несоница.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.