Девојка била примена во болница поради силни болки во грбот: Резултатите од томографијата ги шокирале докторите!

Отишла на доктор поради болки во грбот

Дваесетгодишната Сјао Ју од Тајван била примена во болница поради силни болки во грбот и дехидратација

Девојката имала температура, додека анализата на крвта покажала невообичаено висок број на бели крвни зрнца. Лекарите ѝ направиле компјутерска томографија, а резултатите ги шокирале.

Имено, откриле дека пациентката имала минимум 300 камчиња во десниот бубрег.

Таа прво пиела антибиотици, по што лекарите ѝ ги отстраниле камчињата со минимално инвазивна операција.

Нивната големина варирала меѓу 5 милиметри и 2 сантиметри, а болницата објавила фотографија која брзо се раширила на социјалните мрежи.

Иако постојат повеќе фактори што можат да доведат до создавање камчиња во бубрегот, во овој случај пациентката воопшто не пиела вода, туку само слатки чаеви и сокови.

Тоа ѝ предизвикало хронична дехидратација, состојба во која урината станува поконцентрирана, а минералите во неа се кристализираат и формираат камчиња.

Локалните уролози апелирале до граѓаните да пијат повеќе вода, за да му помогнат на телото да ги обработи шеќерите, солите и калциумот што ги внесуваат, користејќи го случајот на Сјао Ју како предупредување.

Препознајте ги навреме! Знаци што сигнализираат дека имате камен во бубрегот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.