Препознајте ги навреме! Знаци што сигнализираат дека имате камен во бубрегот

Еве кои се!

Болката е неподнослива, но има начин да го откриете проблемот!

Каменот во бубрег е многу честа појава, а настанува поради таложење на минералите и ситните кристали од урината во бубрезите, од кои со текот на времето се создава камен.

Еден од главните причинители за создавање на камен во бубрегот е недоволното внесување на вода или други течности, што значи дека исфрлате помалку од еден литар урина дневно.

Болката е главен симптом кој укажува на камен во бубрегот, но можете и малку порано да ја откриете оваа состојба.

До болка доаѓа кога каменот во бубрегот се поместува, но доколку не чувствувате болка, а одите често во тоалет – тоа може да биде првиот знак.

Имено, доколку уринирате често, но по малку, урината има силен мирис или забележувате крв во урината, тоа може да биде еден од знаците дека ќе дојде до „напад“ на камен во бубрегот.

Некои пациенти кажале дека пред напад на бубрезите два до три дена додека уринирале чувствувале пецкање.

Заморот, повраќањето, мачнината и треската исто така се некои од симптомите, па доколку забележите нешто од наведеното, побарајте лекарска помош!

При напад на бубрег најдобро е ведаш да започнете со скокање на една нога и трчање по скали, со цел каменот или песокот што го предизвикал проблемот побрзо да се исфрли.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.