Брз и лесен еднодневен детокс на организмот за унапредување на здравјето

3 магични рецепти

Најмоќна алатка за прочистување на организмот е здравата исхрана. Со неколку лесно достапни овошки и зеленчук, можете да ги исфрлите сите токсини од телото, за само еден ден.

1. Започнете го денот со зелено смуди

Зелениот и енергичен сок е совршен почеток за еднодневно прочистување на вашето тело. Со корисните ензими и влакна од овошјето и зеленчукот од кои се приготвува, ќе ги елиминирате токсините и ќе ја внесете неопходната дневна доза витамини и минерали.

Потребни состојки:
  • 2 чаши студена вода
  • 1 просечна китка листови спанаќ
  • 1 просечна китка листови марула
  • 2 страка целер
  • 1 јаболко
  • 1 банана
  • 1 крушка
  • 2 чаши лимонов сок
  • коцки мраз, коријандер, магдонос

Приготвување:

Добро измијте ги овошјето и зеленчукот. Внимавајте тие да бидат од органско производство. Најпрво исецкајте го зеленчукот и ставете го во блендер, кој ќе го вклучите на послаби вртежи. Откако смесата ќе стане хомогена, додадете ги претходно излупеното овошје, водата, лимоновиот сок и коцките мраз и зголемете ја брзината на блендерот.

Ќе добиете околу четири чаши од густиот напиток, кој можете да го декорирате по ваша желба. Овошјето и зеленчукот полесно се разградуваат во организмот кога се во течна форма, па затоа и детоксикацијата е побрза и поефикасна.

2. Искористете ја моќта на лимоните – направете топла лимонада

Лимонот е едно од најсилните и најкорисни овошја. Содржи големи количини витамин Ц и ензими. Лимонот ги регенерира ткивата и ја активира работата на црниот дроб, кој пак, ја игра главната улога во целокупната детоксикација. Направете едноставна топла лимонада.

Потребни состојки:

  • 1 чаша вода
  • 1/2 лимон

Приготвување:

Стоплете ја водата, но внимавајте таа да не биде премногу жешка. Во неа истискајте половина лимон. Ова е неверојатно здрав и освежителен напиток, кој е пожелно да го конзумирате барем еднаш во денот. Вака приготвената лимонова вода можете да ја користите и како спреј за освежување на лицето и телото.

3. Завршете го денот со шолја егзотичен чај

Повторно потпрете се на благодетите на лимонот. Овојпат искомбинирајте го со ѓумбир и со луто пиперче и подгответе вкусен, егзотичен чај. Кога ќе ги измешате овие корисни и активни состојки, тие успешно се борат со штетните бактерии во организмот и ги исфрлаат токсините од вашето тело.

Лимонот и ѓумбирот ја зголемуваат циркулацијата на крвта и помагаат во релаксација на напнатите мускули, а лутиот пипер ги разредува штетните секрети.

Потребни состојки:

  • 1 лимон
  • 1/2 корен од ѓумбир
  • 1 луто пиперче

Приготвување:

Исечете го коренот од ѓумбир на ситни парчиња, сипете им вода и ставете ги на шпорет за убаво да зовријат. Откако ќе се изладат, исцедете им половина лимон.  Да ве потсетиме дека лимоновиот сок ставен во многу жешка вода, ги губи корисните својства, па затоа бидете трпеливи. На крајот, процедете ја смесата и поросете  ¼  кафена лажичка лут пипер.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.