8 намирници важни за одржување на оптималното здравје

Фото: Pexels

Во денешно време, видот слабее од постојаното гледање во монитор, мускулатурата ослабува од недоволната физичка активност, имунитетот опаѓа од лошата исхрана, а се појавуваат и разни срцеви болести и заболувања од рак.

Консумирајте ги овие 8 намирници секој ден за да си докажете себеси дека доброто здравје ви е сè уште приоритет број еден во вашиот живот.

1. Спанаќ

  • Ја зголемува сексуалната моќ
  • Помага за раст на мускулите
  • Го подобрува здравјето на срцето
  • Ги зајакнува коските
  • Го подобрува видот

Спанаќот можеби изгледа како обично зелено ливче, но тој е одличен пријател на мажите. Спанаќот е билдер на бицепсите и е богат со омега 3 и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, срцев удар и остеопороза.

Бонус: фолната киселина, исто така, го зголемува протокот на крв во пенисот. Лутеинот, кој се содржи во спанаќот, се бори против старечкото слепило. Дневната препорачлива доза на свеж спанаќ е 200 г.

Замена: кељ, марула, кинеска зелка.

2. Јогурт

  • Се бори против заболување од рак
  • Ги зајакнува коските
  • Го зајакнува имунолошкиот систем

Многу различни култури тврдат дека тие го измислиле јогуртот, но здравите придобивки од 2000-годишниот пијалак не се тема на расправа. Ферментацијата размножува стотици милиони пробиотски организми, кои служат како засилување  на корисните бактерии во вашето тело, го зајакнуваат имунолошкиот систем и се борат против заболување од рак.
Не е секој јогурт органски пробиотски, па затоа осигурајте се дека на амбалажата пишува „живи и активни бактериски култури“.
Препорачливо е секојдневно да внесувате по една чаша јогурт богат со калциум и протеини.

Замена: кефир, јогурт од соја.

3. Домат

  • Се бори против заболување од рак
  • Го подобрува здравјето на срцето
  • Го зајакнува имунолошкиот систем

Има две работи кои треба да ги знаете за доматите. Прво, црвените се најдобри бидејќи изобилуваат со ликопен (јак антиоксиданс од групата каротеноиди) кој многу поволно делува на работата на срцето. Второ, обработените домати се исто толку моќни како и свежите, бидејќи преку нивното консумирање му е полесно на организмот да го апсорбира ликопенот.

Истражувањата покажале дека диетата богата со ликопен може да го намали ризикот од рак на бешика, бели дробови, простата, кожа и стомак, а го намалува и ризикот од појава на коронарна артериска болест (болест на срцето поради затнување на артерии).

Препорачливо е секој ден да консумирате по 2 домати или една чаша џус од домати.

Замена: лубеница, црвен цитрон, папаја, гуава, јапонско јаболко.

4. Моркови

  • Се борат против заболување од рак
  • Го зајакнуваат имунолошкиот систем
  • Го подобруваат видот

Повеќето црвени, жолти и портокалови зеленчуци и овошја се богати со каротеноиди – соединенија растворливи во масти, кои помагаат во борбата против заболување од разни видови рак, а го намалуваат ризикот и сериозноста на воспалителните состојби, како што се астмата и ревматоиден артритис. Препорачлива дневна доза на морков е 100 грама.

Замена: сладок компир, тиква, манго, жолта бабура.

5. Боровинки

  • Го стимулираат мозокот
  • Се борат против заболување од рак
  • Го подобруваат здравјето на срцето
  • Го зајакнуваат имунолошкиот систем

Во однос на другите овошја, боровинките содржат најмногу антиоксиданси и помагаат во спречување на заболувањето од рак, дијабетес и губење на помнењето со текот на стареењето. Истражувањата покажале дека боровинките, кои се богати со растителни влакна и витамини А и Ц, го подобруваат кардиоваскуларното здравје.

Препорачливо е дневно да се консумираат околу 250 грама свежи боровинки.

Замена: малини, капини, црно грозје, суви сливи, суво грозје, јагоди.

6. Црн грав

  • Го стимулира мозокот
  • Помага за раст на мускулите
  • Го подобрува здравјето на срцето

Здрава храна за оптимално здравје

Секоја врста грав е добра за здравјето, но ниту една не може да ја покрене моќноста на мозокот како црниот грав. Тоа е така, бидејќи зрната се полни со антоцијани, антиоксидантни соединенија кои покажале дека ги подобруваат функциите на мозокот.

Препорачлива дневна доза за консумирање е 125 грама, со која ќе внесете 8 грама протеини и 7,5 грама растителни влакна. Исто така црното гравче е ниско калорично и не содржи заситени масти.

Замена: грашок, леќа, шарен грав, лимски грав.

7. Ореви

  • Го стимулираат мозокот
  • Помагаат за раст на мускулите
  • Го подобруваат здравјето на срцето

Побогати се со омега 3 (кој е добар за срцето) дури и од лососот, имаат повеќе анти-воспалителни полифеноли од црвеното вино и содржат половина од протеините кои ги има во пилешкото место. Повеќето јаткасти плодови, содржат една или две од овие карактеристики, но ниедна не ги содржи сите 3 како оревите.

Препорачливо е да се јаде порција од 30 грама во кое било време, особено после вежбање.

Замена: бадеми, кикирики, ф‘стаци, индиски ореви, лешници.

8. Овес

  • Го стимулира мозокот
  • Помага за раст на мускулите
  • Го подобрува здравјето на срцето

Еден од главните пропагатори на здравата храна содржи растворливи влакна кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Овесот е полн со јаглехидрати, но ослободувањето на шеќерите е забавено токму од растворливите влакна. Во порција од 100 грама, овесот содржи 10 грама протеини, што го прави одлична храна за енергија при вежбање.

Замена: ленено семе, ориз.

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.