5 работи што гинеколозите не ги поднесуваат: Речиси сите пациентки го прават ова на прегледот, а крајно е непотребно!

Што не треба да правите на гинеколог?

Редовните прегледи и отворените разговори со специјалист можат да ви го спасат и продолжат животот, обрнете внимание на ова

Гинеколошките прегледи за повеќето жени речиси секогаш се непријатни. Проблемот е во тоа што гинеколозите имаат само неколку минути со пациентките, а мораат да го искористат тоа време што поефикасно за да проверат и направат сѐ што е потребно.

Честопати, од необјасниви причини, жените го одложуваат одењето на гинеколог и така си го загрозуваат своето здравје. Поради тоа, гинеколозите решиле да ги срушат табуата и брутално искрено да им порачаат на жените дека немаат од што да се срамат кога ќе дојдат на преглед, бидејќи тие имаат видено буквално сѐ и сешто.

Тие издвоиле 5 работи што пациентките треба да престанат да ги прават…

1. „Извинете, не сум избричена“

Драги дами, нас навистина не нѐ интересира вашата фризура. Имаме малку време да се сконцентрираме на прегледот и навистина не ни е важно дали сте или не сте депилирани. Особено ако се пожалите поради влакнестите нозе. Ние немаме врска со тоа и тоа навистина не е тема на којашто би требало да трошиме драгоцено време.

2. Прескокнување преглед поради менструација

Менструацијата не е причина да не дојдете на преглед. Денешните ПАП-тестови овозможуваат тестирање и за време на циклусот.

3. Поставување дијагнози

Секоја жена добро си го познава телото, но кога станува збор за вагинален секрет и други проблеми, многу жени сами си поставуваат дијагнози, што може да остави лоши последици.

4. Заборавате да ги спомнете лековите што ги пиете

Ниту еден гинеколог не сака пациентка која е неодговорна кон своето здравје и заборава да го спомне тој важен податок.

5. Одење на преглед дури кога ќе се појави проблем

Некои жени одат на гинеколог дури откако ќе го забележат проблемот, а тогаш, честопати е предоцна. Многу е важно пациентката да ја сфати важноста на редовниот преглед.

10 работи што мора да му ги кажете на вашиот гинеколог: Ваквите симптоми не смее да се занемаруваат или одложуваат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.