10 работи што мора да му ги кажете на вашиот гинеколог: Ваквите симптоми не смее да се занемаруваат или одложуваат

Здравјето пред сè

На гинеколошкиот преглед не смеете да молчите, докторот нема да знае што ве мачи доколку не му го кажете тоа

Иако прегледот кај гинеколог за многумина е многу непријатен, воопшто не треба да се занемари важноста на превенцијата и одењето на редовни контроли, особено ако сте сексуално активни.

Меѓутоа, сите сме понекогаш немарни кога станува збор за здравјето и често самите бараме објаснување за загрижувачките симптоми. Еве што треба да имате секогаш на ум…

1. Сексот не смее да боли!

Ако уживањето го замени болното и непријатно чувство во гениталиите, време е за итен преглед. Болниот однос може да биде последица на инфекција и треба што побрзо да посетите гинеколог.

2. Плакнењето на вагината однатре е штетно!

Така се изложувате на ризик од инфекции и бактерии. Имено, експертите се согласуваат дека вагиналното плакнење не е воопшто здраво, бидејќи вагиналната флора има ниска pH-вредност, што ја штити од зарази. Ниската pH-вредност го оневозможува развојот на разни бактерии и габички, кои тешко можат да преживеат во кисела средина. Со плакнењето можете да ја промените хемиската рамнотежа во вагината. Исто така, плакнењето може да ја намали плодноста и до 30 отсто. Жените кои редовно ја плакнат вагината можат да заболат од инфекции што доведуваат до неплодност.

3. Лубрикантите на база на масло може да ја намалат делотворноста на кондомите

Ако ги користите, добро прочитајте го упатството и користете полиуретански кондоми.

4. Најдоброто време за преглед на дојките

Тоа е една недела откако ви завршила менструацијата, бидејќи тогаш се повлекува отеченоста на градите.

5. Чести воспаленија на мочниот меур

Задолжително мокрете пред и по сексот, бидејќи така ќе ги исфрлите бактериите што нашле пат до мочниот канал.

6. Дури 85 отсто од жените доживуваат оргазам само со стимулација на клиторисот

Ако и вие спаѓате во оваа група, не грижете се! Сè е во ред со вас и комплетно сте здрави.

7. Во ред е ако ви се намали желбата за секс по породување

Сексуалните хормони тогаш се во втор план. Со текот на времето, желбата ќе ви се врати.

8. Во ред е и ако сакате секс доколку имате мали деца

И покрај обврските што ги имате, обидете се да најдете време за вашиот партнер.

9. Антибиотиците можат да го намалат дејството на контрацепциските пилули

Ако користите пилули, за време на сексуалниот однос дополнително заштитете се со кондом.

10. Обрнете внимание на грутките и отоците

Секоја необична грутка или оток на гениталиите и градите треба што побрзо да му ја пријавите на вашиот гинеколог. Ако мислите дека нешто не е во ред, веднаш закажете преглед.

Би се изнасмеале, но мораат да останат воздржани: 6 смешни прашања на кои секој гинеколог мора да одговори
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.