Старински рецепт за сладолед-торта: Десерт што ќе ве разлади и заслади!

Совршено е вкусна и лесна

Постојат многу верзии на сладолед-торта, а ние ви откриваме проверен старински рецепт за овој превкусен десерт

Сладолед-тортата е еден од омилените десерти од детството, а нашите баби и мајки ја приготвуваа за посебни пригоди. Доколку барате десерт со кој ќе ги израдувате вашите домашни, кремливата и вкусна сладолед-торта е вистинското решение.

Состојки:

За корите:

  • 15 белки
  • 15 лажици шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 3 лажички прашок за печиво
  • 300 мл млеко

За филот:

  • 15 жолчки
  • 250 г шеќер во прав
  • 250 г путер
  • 100 г маргарин
  • 3 кесички ванилин шеќер

И уште:

  • 100 г шлаг-крем од ванила
  • 200 мл млеко
Приготвување:

Изматете 5 белки со 5 лажици шеќер во цврст снег. Додајте 4 лажици брашно и 1 лажиче прашок за печиво. Внимателно измешајте со лажица и сипете во плех со димензии 35х35, подмачкан или обложен со хартија за печење. Печете околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Печената и малку оладена кора ставете ја на чинија и прелејте ја со 100 мл ладно млеко. На истиот начин направете уште две кори.

Добро изматете ги жолчките со 150 г шеќер во прав и ванилин шеќер, сипете ги во тенџере и варете ги на пареа околу 20 минути со непрекинато мешање, за да се згуснат. Оставете добро да се олади. Изматете путер, маргарин и 100 г шеќер во прав, па измешајте ги двете смеси. На чинија ставете кора, па фил (една третина од вкупната количина), повторно кора, па фил. Три кори, три реда фил.

Изматете шлаг со млеко и украсете ја тортата.

Рецепт за торта „швалерка“: Богат десерт без конкуренција, по рецепт на нашите баби!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.