Рецепт за торта „швалерка“: Богат десерт без конкуренција, по рецепт на нашите баби!

Пробајте!

Тортата „швалерка“ порано беше задолжителен дел од сите свечени трпези

Тортата „швалерка“ е десерт што некогаш се приготвуваше за посебни пригоди, а секоја домаќинка го знаеше рецептот напамет. Ќе биде уште повкусна ако ја направите три дена пред важниот настан, бидејќи така состојките подобро ќе се поврзат, а вкусот ќе биде уште поубав.

Состојки:

За корите:

  • 300 г шеќер
  • 3 лажици лебни трошки
  • 3 лажици брашно
  • 300 г сечкани ореви
  • 15 белки

За првиот фил:

  • 1/2 л млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер

За вториот фил:

  • 15 жолчки
  • 150 г шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 100 мл вода

За третиот фил:

  • 500 г маргарин
  • 350 г шеќер во прав
  • 100 г чоколадо

За декорација:

  • 4 шлага
Приготвување:

Во подлабок сад изматете 5 белки со 100 г шеќер, додајте 1 лажица лебни трошки, лажица брашно и 100 г сечкани ореви, па внимателно промешајте со шпатула или лажица. Печете ја смесата во рерна на 150 степени околу 45 минути. Истото повторете го уште 2 пати.

За првиот фил: Разматете го пудингот во млако млеко со шеќер и брашно, па сето тоа загревајте го на умерена температура додека се згусне. Кога пудингот ќе биде готов, оставете го да се олади.

За вториот фил: Пенесто изматете 15 жолчки со 150 г шеќер и ванилин шеќер, па додајте 100 мл вода и гответе на пареа додека се добие густ фил.

За третиот фил: Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги двата претходно приготвени фила. Промешајте и поделете го филот на 2 дела, па во едниот додајте 100 г темно чоколадо.

Филувајте ја тортата по следниов редослед: кора – жолт фил – темен фил – кора – жолт фил – темен фил – кора – шлаг.

„Белиот ангел“ е најбараната торта меѓу домаќинките: Не се пече, се приготвува за миг, а се топи в уста!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе