Подарок за врвна заштита од сонце: Afrodita Cosmetics Sun Care

Како до подарок? Вака!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Афродита козметика“ на една читателка на „Убавина и здравје“ ѝ подарува сет за заштита на кожата од сонце Sun Care, составен од млеко за тело со СПФ 30 и јогурт за нега на кожата по изложувањето на сончевите зраци.

SUN CARE млекото во спреј за заштита од сонце содржи СПФ 30. Водоотпорната формула, тестирана под дерматолошка контрола, нуди висока и во исто време сигурна заштита од штетните УВА и УВБ-зраци.

Со додавање алое вера, обезбедува влажност и помага во регенерација на клетките на кожата. Лесно се нанесува (дури и на влажна кожа), брзо се впива и не остава мрсна фолија.

Разгалете ја кожата со Sun Care јогуртот за тело на Afrodita Kozmetika! Содржи освежителна кокосова вода, лесната формула пријатно разладува, ја смирува и ѝ ја враќа изгубената влажност на кожата по сончањето.

Додадениот шеа путер во неговиот состав ја храни и ја регенерира вашата кожа, а маслото од шипинка, богато со витамин Е, придонесува за обновување на штетените клетки и ѝ ја враќа мекоста и еластичноста. Не остава мрсна трага.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јуни.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе