Би се изнасмеале, но мораат да останат воздржани: 6 смешни прашања на кои секој гинеколог мора да одговори

Дознајте!

Неколку гинеколози откриле со какви будалести прашања се сретнале на работното место

Гинеколошкиот преглед за многу жени е непријатно искуство. Но понекогаш и на гинеколозите им е непријатно кога ќе чујат некои прашања. Најчесто тие прашања се однесуваат на бременоста или полово преносливите болести, како што е ХПВ.

„Понекогаш на жените им е непријатно, а понекогаш се расприкажуваат, па тешко е да се сопрат. Секоја жена реагира на свој начин кога ќе дојде во ординација.

Некои прашања се сосема вообичаени и добро е жените да ги поставуваат, но понекогаш поставуваат такви прашања што човек не знае како да реагира на нив, па побегнува по некоја насмевка или од шок настанува минута молк“, открил приватен гинеколог.

Ова се некои од најсмешните прашања со кои се среќаваат гинеколозите:

  • Може ли да се пренесе ХПВ со обичен бакнеж?
  • Најголемата грижа околу контрацепцијата ми е дебелината. Не сакам да бидам дебела.
  • Ние сме си единствените партнери еден на друг, па ме интересира како е можно да имам позитивни брисови на бактерии?
  • Дали добив ХПВ преку сексуален однос или поради пад на имунитет?
  • Направив четири теста за бременост и секој од нив покажа негативен резултат, но јас би сакала да ми направите уште еден за секој случај.
  • Ме интересира дали мојата вагина изгледа нормално? На скала од 1-10 како би ја оцениле според изгледот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.