Зошто жените имаат посилни несакани ефекти на вакцините против Ковид-19 и што значи ова за организмот?

Досега, јавноста е веќе запознаена со несаканите ефекти што се јавуваат по вакцинирањето со вакцината против вирусот Ковид-19, но многумина не знаат дека овие несакани ефекти се почести и поизразени кај жените.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), првите 13,8 милиони луѓе вакцинирани имале поголем процент на несакани ефекти кај жените отколку кај мажите. Иако овие податоци изненадија многумина, вистина е дека жените имаат посилни несакани ефекти кога се вакцинираат со други вакцини, а не само со вакцини против вирусот Ковид-19. Научниците претпоставуваат дека ова се случува кај жени, особено кај оние кои се во периодот пред менопаузата, поради нивото на естроген што помага во активирање на имунитетот за борба против болести.

Кај мажите, од друга страна, тестостеронот го забавува имунолошкиот одговор на болеста или вакцината. Експертите забележуваат дека многу студии покажале дека женското тело реагира посилно на вакцини или болести и дека причината е естрогенот, кој го стимулира телото да произведува повеќе Т-лимфоцити, или клетки на имунолошкиот систем одговорни за клеточниот имунитет и помагаат на други леукоцити. Проблемот се јавува поради незнаење и необразованост, од кои произлегува стравот.

Многумина веруваат дека ваквите несакани ефекти се причина да се запре или целосно да се избегне вакцинацијата. Но, ова е нормална реакција на организмот на вакцината. Повеќето несакани ефекти исчезнуваат по 24 часа, и во споредба со она што го носи самиот Ковид-19, несаканите ефекти предизвикани од вакцината се само мала „жртва“ што ќе ве доведе до здравје и безбедност. Затоа, несаканите ефекти за кои се зборува и се пишува не треба да бидат причина за паника или страв. Тие, всушност, се само доказ дека вашето тело е силно и способно да се брани од болести.

Прочитајте и: Година на коронавирус – што научивме?

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.