СЗО: Млади и здрави луѓе нема да можат да се вакцинираат до 2022 година

Здравите и младите ќе мора да почекаат до 2022 година за да направат вакцина против коронавирус, изјави научникот на Светската здравствена организација (СЗО) Соумја Сваминанатан. Таа додаде дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници и ризичните групи.

Таа исто така верува дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против коронавирус.

„Повеќето научници се согласуваат дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е изложен на најголем ризик, а потоа на ред се постарите лица. Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година“, рече Сваминаната.

Таа се надева дека барем една вакцина ќе биде ефективна следната година, но дека нејзините количини сигурно ќе бидат ограничени.

СЗО предупреди дека иако бројот на смртни случаи од коронавирус е намален на глобално ниво, бројот на пациенти сместени во одделенија за интензивна нега расте.

„Зголемувањето на смртноста секогаш заостанува зад зголемувањето на бројот на случаи на инфекција за неколку недели“, објасни таа.

Во меѓувреме, Центарот за контрола и превенција на болести на САД објави дека првично нема да препорача вакцина за деца и бремени жени сè додека не бидат завршени сите студии за безбедност.

Бидејќи не е познато колку долго би можеле да траат испитувањата, тешко е да се процени кога ќе биде тоа.

Прочитајте и: Германските научници се убедени: Оваа билка може да ги излечи заболените од коронавирус?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.