Научниците тврдат: Летото нема да го сопре коронавирусот, туку само ова!

Истражување

Фото: Илустрација

Летните температури на северната хемисфера нема да влијаат врз пандемијата на ковид-19, тврдат научниците од Универзитетот Принстон

Неколку статистички истражувања, спроведени последниве месеци, покажале слаба поврзаност помеѓу климата и коронавирусот, односно верувањето дека колку е повлажно и потопло толку е помала веројатноста за ширење, излегло неточно.

Меѓутоа, станува збор за прелиминарни податоци, односно, поврзаноста помеѓу климата и ковид-19 сѐ уште е непозната.

Истражувањата од Универзитетот Принстон, објавени во магазинот Science, ја исклучуваат таа врска, но заклучуваат дека влијанието на климата врз ширењето на вирусот е скромно.

Нашите откритија покажуваат дека без ефикасни мерки за контрола, вирусот ќе продолжи да се шири и за време на топлото и повлажно време. Тоа нема значително да ја сопре пандемијата“, вели Рејчел Бејкер од Принстон.

Предвидуваме дека повлажната и потопла клима нема да го забави вирусот во првата фаза“, пишува во истражувањето.

Иако климатските влијанија, особено влажноста, имаат улога во ширењето други коронавируси и грип, авторите истакнуваат дека во овој случај поважен е изостанокот од раширен имунитет на ковид-19.

Забележуваме одредено влијание на климата врз раширеноста на пандемијата, но вирусот ќе продолжи да се шири, бидејќи нема доволно имунитет помеѓу жителите“, појаснила Бејкер, потсетувајќи дека во земјите како Бразил, Еквадор или Австралија, потоплото време немало поголемо влијание врз пандемијата.

Се чини дека климата не го спречува ширењето на вирусот“, нагласила.

Без мерки за контрола или вакцина, коронавирусот ќе продолжи да се шири помеѓу големи делови од светската популација и дури подоцна ќе стане сезонска болест, откако ќе му се намалат „резервите“ на неизложени домаќини, велат авторите.

За потребите на истражувањето, тие спровеле неколку симулации за тоа на кој начин вирусот би можел да реагира во различни климатски услови. Во сите нив климата станала фактор дури откако големи делови од популацијата стекнале имунитет.

Колку повеќе имунитет ќе се изгради помеѓу популацијата, толку повеќе ќе расте влијанието на климата врз вирусот. Дури тогаш оваа голема пандемија ќе стане сезонска инфекција“, заклучила таа.

Шефот на СЗО за Европа предупреди за уште еден бран на коронавирусот во текот на зимата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.