Дино Мерлин деновиве слави: Се роди Незир!

Новопечен дедо

Дино Мерлин пред неколку дена стана дедо, откако неговиот син Хамза и снаата Џенета на свет го донесоа синчето Незир, кое името го доби по таткото на сопругата на популарниот пејач.

Мајката и бебето се дома и добро се чувствуваат. Честитки за семејството пристигнуваат од сите страни,“ открива за медиумите доброинформиран извор, близок на пејачот.

Синот на Мерлин минатата година стапи во брак со својата девојка Џенета, а нивната љубов трае уште од гимназиските денови и оттогаш се неразделни. Биле во врска седум години.

Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида, која станала тетка.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.