За цврсти и здрави нокти без заноктици: Мора да го пробате овој домашен третман!

Совети

Со правилна домашна нега, секоја жена може да биде убавица

Слабите и кршливи нокти се чест проблем, но со овој едноставен совет ќе им помогнете да бидат здрави и цврсти. Експертите го препорачуваат овој ефикасен рецепт за зајакнување на ноктите, кој помага по неколку третмани.

Наједноставниот начин да се зацврстат ноктите во домашни услови е секој ден, или барем секој втор ден, во период од 2-3 недели, да правите 10-минутен третман со морска сол, која содржи неопходен комплекс на минерали за зајакнување на ноктите.

За овој третман ќе ви биде потребно:
  • 300 мл топла вода
  • 2 супени лажици морска сол
  • парче лимон
  • неколку капки маслиново масло
Приготвување:
  • Во помал сад растворете ја солта. Спуштете ги врвовите на прстите во неа и држете ги така 10 минути.
  • Потоа, истријте ги ноктите со парче лимон и оставете ги така 5 минути. Солта ја зајакнува плочката на ноктот, а лимонот одлично ја избелува и го забавува растот на заноктици.
  • По 5 минути, измијте ги рацете со топла вода и истријте ги ноктите со маслиново масло, кое совршено ги хидрира. Наместо маслиново масло, можете да користите и крем за нега на раце.

Ако ја правите процедурата пред спиење, по нанесувањето крем, ставете памучни ракавици на рацете: ова ќе го подобри продирањето на хранливите материи во плочката на ноктот, а кожата на рацете ќе стане мазна и нежна.

Правете го овој третман секој втор ден во период од 2-3 недели и нема да изостанат резултатите. Ќе имате цврсти и здрави нокти, кои нема повеќе да се лупат. По потреба, направете пауза од еден месец, па повторете го третманот.

Маникир: Решенија на 5 најчести проблеми со ноктите
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време