Лекарите го откриле најраниот симптом на дијабетес: Ова е јасен знак дека шеќерот го уништува вашиот организам!

Нови сознанија

Ако овој симптом се воочи на време, дијабетесот може да се држи под контрола

Симптомите на дијабетес тип 2 вклучуваат замор, необјасниво губење тежина и чувство на жед. Меѓутоа, лекарите дошле до заклучок дека пред сите нив, се развива еден симптом кој е најраниот аларм за неволја.

Дијабетесот тип 2 е хронична состојба при која панкреасот не може да произведе доволна количина на инсулин. Иако овој процес може да се чини безопасен, со текот на времето се нарушуваат сите функции на телото. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да ги оштети срцето, очите, но и бубрезите.

Клучен чекор во овој случај е раното откривање на проблемот. Најраниот симптом е, тврдат лекарите, заматен вид, кој со секој нареден ден станува сѐ посериозен.

Дијабетесот може да предизвика замаглен вид, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетичка ретинопатија – резултатот е проблем со крвните садови околу мрежницата.

Кај повеќето пациенти, овој проблем се развива постепено. Раното откривање и одењето на доктор може да го спаси пациентот од посериозни проблеми, како што е целосното губење на видот.

Во окото почнува да се создава вишок течност која предизвикува заматување и го намалува фокусот. Доколку оваа состојба потрае неколку дена, време е да посетите лекар.

Експертите нагласуваат и дека заматениот вид не е во 100% од случаите последица на дијабетес. Тој, исто така, може да биде предизвикан од бројни други состојби, вклучувајќи суви очи, слабовидост или инфекција.

Во секој случај, докторите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали што ни ги испраќа организмот.

Како да се заштитат лицата со дијабетес од компликации предизвикани со ковид-19

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.