Кинески научници тврдат: Постои мала веројатност дека коронавирусот ќе исчезне некогаш, еве зошто!

Го кажале своето мислење

Не постои доказ дека високите летни температури ќе го сопрат ширењето на вирусот

Коронавирусот нема да исчезне туку ќе стане сезонска болест, велат кинеските научници.

Тие се согласиле со голем број светски научници кои велат дека ковид-19 повремено ќе се враќа, како грипот.

Постои мала веројатност дека вирусот ќе исчезне како САРС (тежок акутен респираторен синдром) пред 17 години, со оглед на тоа што некои луѓе се заразуваат, а не чувствуваат симптоми, како што е треска.

Таа група на асимптоматични преносители го отежнува целосното сопирање на заразата, рекле научниците од Пекинг.

Кога станува збор за САРС, оние што се заразиле, сериозно се разболеле. Но кога се самоизолирале, вирусот престанал да се шири.

Од друга страна, Кина сѐ уште наоѓа асимптоматични носители на новиот коронавирус, а се смета дека ја ставила епидемијата под контрола.

„Оваа епидемија веројатно долго ќе живее помеѓу луѓето, ќе стане сезонска болест и ќе преживее во човечките тела“, рекол Јин Куи, директор на Институтот за патогена биологија при Кинеската академија за медицинска наука.

Научниците и владите ширум светот се водат според тезата дека постои мала веројатност вирусот да исчезне и покрај самоизолацијата која ја уништи светската економија.

Ентони Фаучи од Националниот институт за алергии и заразни болести во САД вели дека ковид-19 би можел да стане сезонска болест. Како доказ за тоа тврдење ги навел случаите на зараза кои почнале да се јавуваат во земјите на јужната хемисфера.

„Вирусот е осетлив на топлина, но зборуваме за изложување на иста температура од 50 степени Целзиусови 30 минути. Температурите никогаш не се толку високи“, рекол Ванг Гуичанг, шеф на одделението за заразни болести во Првата болница на Универзитетот во Пекинг.

Докторите го открија најраниот знак на коронавирус – Пред да се развие вирусот се јавува овој симптом

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.