Пролетен „ремонт“ на вашата кујна

Идеи и совети од стручен тим на професионалци

Во претстојната сезона, покрај уживањето во различните свечености во кругот на семејството и драгите пријатели, сигурно ќе почнете да размислувате за адаптирање и реновирање на својот дом. Некои ќе планираат да купат или да изработат ново парче мебел, некои ќе менуваат повеќе работи одеднаш, а некои ќе треба да се справат со целосно реновирање.

Доколку ви требаат идеи, ние секогаш сме тука да ви помогнеме. Во продолжение ви претставуваме 10 идеи за уредување на вашата кујна.

1 ЖОЛТАТА Е ДОБРЕДОЈДЕНА

Во кујната, бојата на сонцето е секогаш добредојдена. Имено, ова е просторија во која речиси нема одмор и тука слободно може да се користат живописни бои што ќе ги размрдаат сите наши сетила. Наш предлог е да комбинирате жолта со декор од дрво – во тој случај, потемна боја на sидовите е полн погодок.

2 КЛУПА ВО АГОЛОТ

Во оваа кујна, правена по мера на просторот, има доволно место за домаќините и за гостите бидејќи е осмислена така што може да се оформи и пријатно катче за седење Фронтовите и ѕидните облоги што верно доловуваат изглед на дрво и индиректното осветлување се заслужни за креирањето пријатна и домаќинска атмосфера.

3 ПОДЕЛБА НА ЗОНИ

Добри решенија за постигнување функционалност и за заштедување простор секогаш се оние елементи што имаат повеќе различни намени. Оваа полица, покрај тоа што ги обединува просторот за складирање работи и местото за јадење, претставува одлично решение за раздвојување на кујната и дневната соба.

4 ПОИГРУВАЊЕ СО ПЛОЧКИТЕ

Доколку сте љубител на модерниот начин на уредување и понекогаш сакате да излезете од стереотипот, тогаш ова е идеја што ќе ви се допадне: наместо целиот ѕид да го обложите со плочки, изберете атрактивен модел и поставете го на „стратегиски места“, а остатокот од површината обработете го со некоја декоративна ѕидна техника.

5 ЗАЧИНСКИ БИЛКИ

Зачински билки во саксии се вообичаена глетка во нашите кујни – освен што изгледаат убаво, секогаш имате при рака неопходни состојки за вкусни јадења. За да изгледа кујната уредно, обезбедете полици или жичени кошници во кои ќе ги сместите зачинските билките, водејќи сметка да ги поставите на соодветно растојание од шпоретот поради пареата.

6 ОРМАН СО ЛИЗГАЧКА ВРАТА

Ако немате доволно простор во кујната за чување работи, односно ако со додавање повеќе елементи ја нарушите нејзината функционалност и спречите да ја користат повеќе луѓе во исто време, тогаш, секако, најдобро решение е на еден ѕид да направите орман со лизгачки врати. Благодарение на големиот избор различни материјали за изработка на фронтот, можете лесно да го вклопите во кој било стил на уредување.

7 КРЕАЦИИ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ

Комбинацијата на бои и различни ѕидни облоги, соодветното осветлување и многу други детали се само некои од предлозите за украсување на кујнскиот простор. Тука гледаме одлична комбинација на црно-бели фронтови, каде што црните се третирани со специјална боја за училишна табла, така што децата тука можат да се забавуваат со цртање додека чекаат да биде готов ручекот.

8 ПРЕГЛЕДНОСТ

Најголемата предност на отворените полици е што сè е видливо на нив, па дури и децата можат лесно да се снајдат. Сепак, поради нивната изложеност, ако се преполни со садови, чаши и секакви други работи, ќе направат целата кујна да изгледа неуредно. Затоа, подобро идеја е елементите да бидат затворени, но фронтовите, барем во еден дел, да бидат од стакло, за може да се види внатрешноста онолку колку што е потребно за добро снаоѓање.

9 СТАКЛО НАМЕСТО ПЛОЧКИ

Секако ова е една од опциите, особено ако сакате оригинална декорација на ѕидовите. Поточно, за овој вид облоги можете да ја изберете која било фотографија, па дури и да смислите своја заднина, а компанија што се занимава со изработка на стаклени панели ќе го пренесе посакуваниот дезен на калено стакло во димензиите на ѕидот.

10 КАТЧЕ ЗА ЈАДЕЊЕ

Повеќето двојки, ако децата се отсутни или немаат гости, имаат обичај да јадат во кујната наместо во трпезаријата. Со добро планирање на елементите во кујната, ќе се создадат услови да се најде место за сите нешта и да остане простор за поставување конзолна плочи, на пример покрај прозорецот, на која ќе може да седат две лица.

Совети и сугестии од стручен тим на професионалци

Во „Карат-М“ ќе најдете голем избор на репроматеријали и услуги за моделот на изработка НАПРАВИ САМ. Со нивниот спектар на материјали, бои и оков  со кој располагаат можете да создадете убав, удобен и квалитетен простор за домување и работа.

Ваше е само да ја разработите идеата, а тие ќе ви понудат и ќе ви помогнат околу изборот на материјалите!

За да можете да ја реализирате Вашата идеа, во „Карат-М“ ќе ви ги понудат најсовремените МЕХАНИЗМИ и останати АКСЕСОАРИ за мебел. Но за идеата непречено да се реализира и истата да се стави во функција, Ви ги нудати следниве УСЛУГИ:

– КРОЕЊЕ НА ПЛОЧЕСТ МАТЕРИЈАЛ: иверки, медијапан, лесонит, работни плочи со професионални CAT компјутерски машини,

– КАНТИРАЊЕ НА КРОЕНИ МАТЕРИЈАЛИ: со софистицирана германска технологија за кантирање со ABS трака со различна големина и дебелина 22*2, 22*04, 28*2, 28*04, 42*2, 44*2, 48*2 и 54*2,

*Кантирање со фурнирски траки

– ОБРАБОТКА НА CNC МАШИНА: на плочест материјал, од наједноставни форми, облини и кругови до најсофистицирани профили,

*Компјутерско перфорирање на елементи,

*Компјутерско бушење за ексцентри и типли на елементи,

*Компјутерско жлебање на отвори за стакло, огледало и лесонит,

*Отворање на отвори за садопери во работни плочи,

*Жлебање за различни алуминиумски профили,

*Бушење на отвори за шарки по стандардни и вонстандардни димензии,

*Кроење на медијапански лајсни под “гер” агол, бушење за машнички и нивно целосно склопување,

*Површинско профилирање на медијапански фронтови,

*Кроење на плочест материјал под агол од 45’

*Кроење косини,

*Бушење за механизми за лизгачки врати,

– КРУЖНО КАНТИРАЊЕ на кроени кружни профили,

– ФАРБАЊЕ: со полиуретански бои во софистицирана комора за фарбање, во следниве нијанси: мат, полусјај, софт и висок сјај,

– БАЈЦУВАЊЕ И ЛАКИРАЊЕ на фурниран медијапан, со бајц на нитро база и лак,

– ЛЕПЕЊЕ НА HPL ФОЛИИ НА ЛАДНА ПРЕСА.

*Вршење услуги на мембранска преса,

*Обработка и оплеменување на медијапански фронтови со 3D PVC фолии на вакум преса,

– ИЗРАБОТКА НА МОНОБЛОК ЕЛЕМЕНТ,

– ИЗРАБОТКА НА МЕДИЈАПАНСКИ ОБЛИ ВРАТИ, можност за изработка на цел елемент или полупроизвод (само фронт и сл.).

Ново во „Карат-М“: Направи кројна шема онлајн!
Поради моменталната ситуација со коронавирусот, Карат-М нарачките за услужно кроење, кантирање, обработка на CNC, фарбање ќе ги прима онлајн. Формуларот за кројните шеми може да го пополните на следниот линк:

 

Контакт информации:

ул. Благоја Стефковски број 23
1000 Скопје, Македонија
+389 2 25 30 770
+389 2 25 31 800

 

Текст: Home Style, PR

Фото: Home Style, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.