7 алтернативни (и утешни) решенија за секој што мораше да ја откаже или одложи свадбата

Корисни совети

Настрана од фактот дека секојдневниот живот на кој сме навикнати е во моментов во мирување, истото важи и за роденденските забави, момински вечери и свадбите. Или сè беше откажано или беше одложено за подобри времиња.

Се разбира, кога станува збор за нешто големо како свадба што сте започнале да ја планирате барем една година однапред, тешко е да го прифатите фактот дека сега треба да ја откажете. Да, полоши работи се случуваат во светот во моментов, но во ред е да се чувствувате тажни и мизерни затоа што вашиот голем ден не успеа. Најважно е да се запамети дека вашиот ден ќе се случи и дека не можете да ја „откажете“ љубовта што постои помеѓу вас и вашиот партнер. Изберете нов датум што ќе ви претстави нешто посебно и ќе биде потсетник дека сте успеале заедно да поминете низ некои тешки периоди. Дотогаш, во изолација, обележете ја вашата љубов и денот што требаше да ви биде денот на свадбата, но на различни начини.

Извадете ја најдобрата облека од плакарот

Додека вашата венчаница и чевли би ги подготвиле за денот на вашата венчавка, доколку сè уште не сакате да му ги покажете на вашиот партнер, изберете го омилениот фустан или нарачајте нов од некои од онлајн продавниците. Почестете се затоа што тоа дефинитивно го заслужувате. Организирајте утринско дружење и покажете се во најдобро издание пред партнерот, а кога станува збор за моминската забава, секогаш има видео повик каде можете да ги соберете сите свои пријателки и да имате виртуелна забава.

Споделете љубов со вашите најблиски

И покрај тоа што денот ви е одложен, зошто да не го посветите тој ден на партнерот и вашето семејство и најблиските на видео повик? Споделете ги партнерот вашите соништа и надежи за иднината, возбуда која расте само до тој судбоносен ден. А можете и да замолите некој пријател да го води целиот видео повик.

Прочитајте и: 6 фрази кои во врска може да бидат уште поважни од „те сакам”

Организирајте забава

Откако завршивте со размена на своите завети, зошто да не се фрлите и на забава? Без разлика дали се работи за игри за нови брачни парови, споделување на спомени или раскажување приказни од минатото, сè зависи од вас. Ова може да биде одличен начин за понатамошно поврзување со вашиот партнер.

Остатокот од текстот прочитајте го на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.