6 фрази кои во врска може да бидат уште поважни од „те сакам”

Обрнете внимание

Луѓето сакаат да бидат сакани. Сите уживаме во тоа што некој нè сака и покрај несовршеностите, изгледот, смешните навики и дека сме доволно добри за да бидеме „сѐ на светот“ за некого.

Но, потребно е многу повеќе од љубовта за една врска да преживее. Потребен е напор и работа.

Ова е причината зошто овие шест фрази се многу важни, ако не и поважни од тоа да ѝ кажете на некоја личност дека ја сакате:

Ти простувам

Опростете ѝ на личноста за тоа што го направила, за сите мали работи, затоа што никој од нас не е совршен.

Јас ќе се жртвувам

Жртвувајте го своето време и себичност и бидете силна половина кога вашиот партнер е слаб затоа што тој го заслужува тоа.

Те почитувам

Почитувајте ја саканата личност за тоа што е, а не за она што мислите дека го заслужува. На таа личност му е потребна вашата почит, без да мора да ја заслужи.

Те поддржувам

Дајте поддршка на вашата сакана личност во сите нивни соништа и надежи и секогаш бидете таму за таа да може да се потпре на вас.

Ќе те заштитувам

Заштитете ја личноста што ја сакате од сè: болка и неправда. Сочувајте ја идејата за вас двајца и нека секогаш пронаоѓа мир во вашата прегратка.

Јас сум лојален на тебе

Дајте ѝ на саканата личност до знаење дека секогаш ќе бидете тука и дека вашата врска ќе ви биде приоритет во животот.

Некои можеби тврдат дека кога сакаш некого, сите овие работи автоматски се поврзани со љубов. Тоа би било точно во идеален свет. За жал, во помалку совршениот, тоа не е секогаш случај затоа што сите сме човечки суштества и правиме грешки.

Прочитајте и: Тој никогаш не пишува прв, но секогаш одговара – што значи тоа?

 

ФОТО: Unsplash

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.