Доктор објавил фотографија од ковид-јазик и предупредил: Кај сè повеќе луѓе се јавува и овој симптом!

Уште еден чуден симптом

Освен главните симптоми на ковид-19, како што се висока температура и кашлица, постојат и поретки показатели на болеста, како што се чудните промени на јазикот

Ковид-јазикот е идентификуван како уште еден необичен симптом на ковид-19, соопштиле докторите што го следат ширењето на вирусот.

Британскиот епидемиолог Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон, кој води истражување за симптомите предизвикани од коронавирусот, споделил фотографија на Твитер која ги прикажува ужасните последици од заразата.

Познатиот доктор, научник и автор на неколку стручни книги, открил дека заболените пријавувале и чирови во усната празнина.

„Еден од петмина заразени луѓе сè уште има малку поневообичаени симптоми кои не се наоѓаат на официјалната листа, како што е јадеж на кожата. А во последно време се среќаваме со сè поголем број на ‘ковид-јазици’ и необични чирови во усната празнина.“

https://twitter.com/timspector/status/1349421278034325506

Габриел Скали, претседател на епидемиологија и јавно здравство во Кралското медицинско друштво, открил дека слични симптоми веќе некое време се поврзуваат со коронавирусот.

„Вирусот е проблематичен за лечење, бидејќи предизвикува последици во многу широк обем и на различни делови од телото.“

Медицинското име за воспаление на отечен јазик е глоситис и тоа го менува изгледот на дел или на целиот јазик. Се јавува кај различни состојби, односно болести, како херпес – вируси што го напаѓаат имунолошкиот систем.

Промените на јазикот, вклучувајќи и болка, промена на бојата, оток или необична текстура, понекогаш можат да бидат последица на болест, а не само на нехигиена на усната празнина.

На пример, белиот јазик се јавува поради наслаги од храна, бактерии и мртви клетки, но може да биде и знак на болест, како орална кадидијаза, хормонски промени, недостиг на витамини, а британскиот Национален здравствен сервис советува дека во тој случај треба да му се јавите на вашиот општ лекар.

Покрај тоа, еден од најчудните симптоми поврзани со промените на кожата се „ковид-прстите“ – црвенкасти или виолетови израстоци на прстите на рацете и нозе кои се осетливи, чешаат или создаваат чувство на пецкање, што често се случува и кај помладите пациенти и се јавува подоцна по развојот на болеста, а може да потрае и со недели по коронавирусот.

Најголемата грешка што човек може да ја направи по примањето на вакцината: Експертите предупредуваат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.