Најголемата грешка што човек може да ја направи по примањето на вакцината: Експертите предупредуваат!

Борба против коронавирусот

Не, вакцинацијата не значи дека сте 100 отсто имуни на вирусот

Вакцините против коронавирус ни дадоа надеж дека на глобалната епидемија на ковид-19 конечно ѝ се ближи крајот.

Сепак, експертите предупредуваат дека луѓето никако не смеат да мислат дека вакцината ќе ги реши сите проблеми и откриваат дека најголемата грешка што можете да ја направите е веднаш по вакцинацијата да му се вратите на вообичаениот живот, каков што беше пред избивањето на епидемијата.

„Многу се грижиме дека луѓето масовно ќе мислат дека по вакцинацијата се потполно безбедни и дека можат да му се вратат на стариот начин на живот“, вели доктор Дејвид Халперн.

Иако се проценува дека вакцините имаат ефикасност до 95 отсто, Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека не може да се достигне тоа ниво на заштита, сè додека не поминат околу две недели од примањето на втората доза од вакцината.

Експертите истакнуваат дека вакцината ве штити од потенцијално тежок облик на ковид-19, но ни вакцинацијата не значи дека ќе бидете 100 отсто имуни на вирусот.

„Многумина мислат дека ефектот на вакцината е апсолутно моментален и дека кај нив повеќе не постои ризик од ширење на вирусот“, вели доктор Стивен Рајхер за „Гардијан“.

Експертите истакнуваат дека враќањето во нормала, најмногу зависи од тоа колкав процент од популацијата е вакциниран и дека враќањето во животот пред пандемијата е ризичен потег, доколку тој процент не е доволно висок.

„Колективниот имунитет не е нешто што може да се создаде со притискање копче. Тоа подолг процес. Ако вашата земја е далеку од колективен имунитет, вирусот и понатаму циркулира помеѓу популацијата и секогаш постои шанса дека вакцината нема да ја заврши работата во таа мера што луѓето ја очекуваат“, потенцира доктор Ерик Лофгрен, епидемиолог од Универзитетот во Вашингтон.

Светски признати научници сега се фокусираат на едукација на јавноста дека вакцините даваат лична заштита, но дека нивната вистинска ефективност лежи во колективниот имунитет за да се сопре пренесувањето на вирусот. Затоа и кога ќе се вакцинирате, и понатаму треба да носите маска, често да миете раце и продолжете да одржувате социјална дистанца.

Истражувањата на тема колкава улога ќе имаат вакцинираните луѓе во потенцијалното ширење на коронавирусот, моментално се во тек.

Вакцина против ковид-19: Дали е ефикасна?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.